Својот голем јубилеј Фестивалот
„Охридско лето“ го одбележа со исклучително богата уметничка програма. Пред
почетокот на официјалниот дел од
програмата пред присутната публика се обратија
претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и министерката за култура
Елизабета Канческа – Милевска,
а преку видео снимка се обрати и Ана Липша
Тофовиќ, македонската оперска певица со чиј настап на 4-ти август 1961 година
беше отворено првото фестивалско издание на „Охридско лето“.
Манифестацијата
официјално започна со настапот на Рускиот национален оркестар, под диригентска
палка на маестро Михаил Плетњев и светски познатиот маедонски пијанист
Симон Трпчески.
Режисерот
Иван Поповски и Зоја Бузалкоска преку „патувањето“ низ годините и 10 монолози
со искусни македонски актери, потсетија на драмскиот растеж на манифестацијата.
Со танчерско – акробатска игра и безброј
балони и симболи пуштени во небото беше претставена иднината на фестивалот.
До 20 август
Охридско лето ќе понуди 25 концерти, 13 театарски претстави, 1 балет и 1
оперска – гала вечер, настапи на солисти и дуо состави и 10 концерти на
оркестри и камерни состави.
|