Летна кинопрограма на Кинотеката

од admin_kult

Од 10-13 јули, Кинотеката на Северна Македонија ќе ја реализира летната кинопрогарама со проекција на филмови во дворот на установата.

Од Кинотеката најавуваат 4 дневен настан со 4 современи европски филмови во рамките на European Film Challenge.

Проекциите започнуваат во 21 часот, а прв филм е „Господ постои, името  ѝ е Петрунија“, филм на Теона Стругар Митевска.

Следен филм е „Гостинот“ (11.107  2020), Италија / Швајцарија / Франција. Режија: Дучо Кјарини. Следи австрискиот филм „Земјата под моите нозе“ во режија на Мари Кројцер.

В понеделник на програма на летната сцена на Кинотеката е „Сонот на Катрина“, копродукција помеѓу Швајцарија и Италија, во режија на Дарио Бишофбергер и Мирко Бишофбергер .

Влезниците се по 100 денари

Кинотеката ги воведе следниве правила за безбеднос во коронакризата.

– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот

– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот

– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата

– Пушењето за време на проекција е непожелно

– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)

За време на 4 дневниот настан, поддржан од European Film Challenge секој посетител ќе добие бесплатен освежителен пијалак со купениот билет.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе