Турскиот театар од Скопје денеска ќе изведе две претстави: од 11 часот – куклената претстава  „Калифот штрк“, а од 19 часот – претставата за младинци „Ана и Хана“.

Куклената претстава е работена според мотиви од истоимената бајка на Вилхелм Хауф, по драматизација и режија на Дарко Ковачовски. Сценограф, костимограф и автор на куклите е Надја Василева-Ковачовска. Насловниот лик во претставата го игра Аксел Мехмет, а во екипата се и актерите: Фунда Ибрахим, Наџије Кеч и Тамер Ибрахим.

Претставата „Ана и Хана“, која на сцената на Театарот Комедија ќе биде изведена од 19 часот, е по мотиви на „Дневникот на Ана Франк“ во адаптација и режија на Драгана Гунин.

Во претставата настапуваат: Емине Халил и Жале Османли, Инес Радончиќ, Хакан Даци, Фунда Ибрахим, Един Јакуповиќ, Зиба Радончиќ, Ријад Тахир и Наџије Кеч. Сценограф е Беди Ибрахим, костимограф Елена Вангеловска, кореограф Александра Кочовска-Начева, а музиката е на Ади Имери.