Во Камерната сала на Македонската филхармонија утре (17 април) со почеток во 20 часот концерт ќе одржи Камерниот оркестар „Скопски солисти“.

Во рамките на концертот со наслов „Концертен контрабас“, на кој како солист на контрабас ќе настапи Драган Трајковски кој живее и работи во Австрија, ќе бидат изведени дела од Корели, Вивалди, Трајковски, Хајдн и Чајковски.

Диригент е маестро Бисера Чадловска.