Концерт на „Тројца тенори“ за отворањето на манифестацијата „Звуците на чаршијата“

од admin_kult

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија, од денеска до 17 септември ќе се одржува традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, е да ја заживее Чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети.

Манифестацијата почнува вечер во 20 часот во „Куршумли ан“ со повеќе настани, од кои централен е концертот на „Тројца тенори“, трио што го сочинуваат: Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери. Настапува и Оркестарот на НОБ. Истата вечер ќе се одржи и гала-концертот „Вечер на лирски песни“, како и меѓународната изложба „Арт симпозиум – Струга“.

Во изминативе години на „Звуците на чаршијата“ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчари, аниматори, познати групи – македонски, албански, турски, ромски – во духот на идејата на манифестацијата да биде мултикултурна. КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници, им дава шанса и на дебитанти, кои токму на оваа манифестација ја започнале својата кариера.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе