Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, во петокот ја имаше својата прва програмска содржина почитувајќи ги   протоколите  кои се донесоа во Ребублика Бугарија за одржување на активности во областа на културата, а во услови на пандемија од Ковид 19.

Во КИЦ-Софија беше отворена изложба на македонски сликари кои учествувале на меѓународниот фестивал и меѓународната  ликовната колонија во Созопол, од 2016 до 2019 година.

КИЦ на РСМ и франкофонскиот фестивал „Солеј“ имаат извонредна соработка, па оваа изложба е доказ за тоа. Изложени се дела од Андријана Мациев, Мирјана Крстевска-Масети, Марјан Зин, Иво Пецов, Ивана Настески и Симонида Филипова – Китановска.

На отворањето кое се одржа со почитување на мерките за заштита од Ковид, гостите и дел од уметниците ги поздравија директорот на КИЦ на РСМ, д-р Сашко Насев и на „Солеј“, проф. д-р Димитар Веселинов.  Со претходна најава,  изложбата е отворена за посетителите.