Музеј на град Скопје со изложбата „Скопски матерјални и духовни проблесоци” – фотографии на предмети од збирките на музејот, ќе гостува во реномираниот „Panorama 1326 Bursa Fetih Müzesi” во Бурса, Р. Турција од 7 мај до 7 јуни годинава.

Изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период кои се во сопственост на музејот, а кои потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија. Автори на изложба: Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски и Климе Коробар како нејзин комесар, фотографии: Станимир Неделковски, а текстови за изложбата напишаа Проф.д-р Ферид Мухиќ, Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски.