По повод 11 Oктомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, во Музејот на РС Македонија е поставена изложбата „Записи од АСНОМ“. Автор на изложбата е м-р Боро Бунтески, виш кустос во Одделението за историја, a координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.

Изложбата ќе биде отворена за посета од 13 октомври 2020 г. до февруари 2021 година.

На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предмети поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да видат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ-Цицо, како и неколку уметнички дела од Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски со тематика од НОБ.