Во изложбениот салон Империјал 1 на Културно-информативниот центар во Скопје е отворена изложба на слики и цртежи на ликовниот уметник Мариела Мицевска-Аџигогова.

На изложбата се претставени 20 дела – слики и цртежи работени во комбинирана техника – создадени во последниве години.

Мицевска-Аџигогова (1980) е магистер по ликовни уметности од областа на графиката. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјава  и во странство.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30 септември.