Изложба на икони и иконостаси од црквите и манастирите во Општина Неготино

од admin_kult

Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино на 29 јули 2021 година, во 12 часот, ќе биде отворена изложбата на икони „Иконите и иконостасите од црквите и манастирите во Општина Неготино од 18 до 20 век“.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 40 икони од 19 век од црквата „Св. Илија“ во с. Вешје. Се претпоставува дека иконите се насликани од Петре Пачаров, ученик на Дичо Зограф, во 1879 година, кој во овој период творел во регионот на Тиквешијата.

Изложбата финансиски е поддржана од Министерството за култура на РСМ како проект од национален интерес за 2021 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе