Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11, 96/19 и 110/19), а во согласност со објавениот Јавен оглас за „ГОДИШНИ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2021 ГОДИНА“ на ден 8.10.2020 година во дневниот весник: „Слободен печат“, се врши следнава

                                                                                              ИСПРАВКА

Во делот 4. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ од Јавниот оглас, датумот  „10.11.2020 година“ се заменува со  „12.11.2020 година“.

Другиот  дел од текстот на Јавниот оглас останува ист.

Оваа исправка на Јавниот оглас да се објави во првиот нареден број на дневниот весник „Слободен печат“.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА