Министерството за култура и Канцеларијата на Креативна Европа – Потпрограмa Култура на 11.11.2019 (пoнеделник) во 12.00 часот во Кафе и Филм Котур  ве покануваат на отворени презентации:

„Повик за Категоријата: Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“ за 2020 година– м-р Билјана Прентоска, Канцеларија на Креативна Европа – Култура, Министерство за култура.

 Презентација на проектот Act-Art Clime Transition од страна на корисниците на проектот, невладината организација Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата  (пример од добра пракса) -Д-рБилјана Тануровска Ќулавковски, – Локомотива (добитник на “Наградата за истражување во полето на културните политики и менаџментот во културата во 2019 година) на Европската Мрежа на Универзитети за културни политики и менаџмент во културата.

Настанот е отворен за претставниците на аудиовизуелниот сектор, културните и креативните сектори,приватните компании и фондации, општини, универзитети, студенти, здруженија на граѓани и медиуми да присуствуваат и да се запознаат со сите потенцијални можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата Креативна Европа.

Oтворени презентации: „Повик за Категоријата: Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“ за 2020 година