kultura_logo_2

Придружете ни се на Facebook

Соопштенија

  • 0
  • 1
  • 2
  • 3

Јавна расправа за Нацрт - правилникот за услови, критериуми и постапка за месечни надоместоци на самостојните уметници

21.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на 23 ноември 2017 година (четврток) со почеток во 11 часот во објектот на Министерството за култура во Скопје ќе одржи јавна расправа по текстот на нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци ... Повеќе

Соопштение за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година

21.11.2017

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12)  и Правилникот за работа на Одборот, на својата  седница, одржана на 7.11.2017  година донесе Одлука за доделување на државната награда ... Повеќе

Во Прилеп денес јавна расправа по нацрт-стратегијата за култура

21.11.2017

Денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток  во 13 часот ќе се одржи јавна расправа по нацрт-стратегијата за култура 2018-2022 што ја организира Министерството за култура, во партнерство со граѓанската организација ... Повеќе

Денес-јавна расправа по нацрт-стратегијата за култура во Тетово

17.11.2017

Денеска во Центарот за култура во Тетово во 13 часот ќе се одржи јавна расправа по нацрт-стратегијата за култура 2018-2022 што ја организира Министерството за култура, во партнерство со граѓанската ... Повеќе

Соопштение на Министерството за култура за загрижувачките состојби по дождот во објектите на културата низ Македонија

16.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека по првичните информации за сериозни штети предизвикани од дождот во повеќе национални установи, заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски, веднаш излезе на увид и ги посети објектите на Драмскиот театар и Музејот на Македонија, додека министерот за култура, ... Повеќе

Нацрт - правилник за утврдување на услови, критериуми и постапка за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници

13.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија го објавува и го става на јавна расправа нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните ... Повеќе

Известување за одржување на Конференцијата: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“

10.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека во соработка со Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура) и Агенцијата за филм на РМ, организира конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, која ќе се одржи на ... Повеќе

Известување за почеток на процес на подготовка на Предлог на закон за престанување на важење на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

10.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Известување за почеток на процес на подготовка на Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка ... Повеќе

Нацрт - стратегија за културен развој 2018 - 2022 - втор неофицијален текст (нелекторирана верзија)

7.11.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува неофицијалната и нелекторирана верзија на вториот нацрт на стратегијата за културен развој 2018 - ... Повеќе

Трета информативна сесија за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 г

7.11.2017

Целта е заинтересираните да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации потребни за подготвување поуспешна апликација ..... Повеќе

Втора информативна сесија (онлајн) за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 г

31.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија утре (1 ноември 2017 година) организира онлајн информативна сесија за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Втората информативна сесија ќе се одржи онлајн утре од 14 до 16 часот на официјалната Фејсбук страница на ... Повеќе

Прва информативна сесија за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 г

24.10.2017

Министерството за култура утре во 15 часот во просториите на Мултимедијалниот центар „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија ја организира првата информативна сесија за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Целта е заинтересираните да се запознаат подобро со целите и ... Повеќе

Објавување на ЕНЕР на Нацрт - извештај за ПВР и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права

20.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека денес на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Нацрт - извештајот за проценка на влијанието на регулативата и Нацрт - текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на ... Повеќе

Информативни сесии за Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година

20.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста и сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 дека ќе организира информативни сесии, со цел сите заинтересирани да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите ... Повеќе

Резултати од вториот конкурсен рок - Манифестација „Нов културен бран“ во 2017 година

13.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ги објавува извештајот на конкурсната комисија за вториот конкурсен рок на Манифестацијата „Нов културен бран“ за 2017 година, како и списокот на одобрени проекти од страна на конкурсната ... Повеќе

Повик за учество на јавна расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на РМ 2018-2022

13.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани страни да се пријават за учество на јавната расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година, која ќе се одржи на 18 октомври 2017 година во Музејот на современа уметност во Скопје, ... Повеќе

Повик на Делегацијата на ЕУ во Скопје за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година

12.10.2017

News image

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје на 9.10.2017 година објави „Повик за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година“, наменет  за институциите од областа на културното наследство и  организациите од останантите културни и креативни сектори. ... Повеќе

Објавување на првични резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици

10.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека во текот на 2017 година, до Министерството за култура пристигнаа 21 апликација од 15 издавачки куќи за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици. Комисијата задолжена за разгледување на пристигнатите пријави по Конкурсот за 2017 ... Повеќе

Исправка во пријавата за литература и издавачка дејност на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018-та

6.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека во пријавата за литература и издавачка дејност на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година е направена ненамерна техничка грешка. Имено, на страницата бр.4 од Пријавата, во поглавјето III - Оцена, критеруми и мерила, ... Повеќе

Реакција на Министерството за култура за отвореното писмо на Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев

4.10.2017

Во врска со отвореното писмо на актерката и продуцент Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, поврзано со колумната на Златко Теодосиевски со наслов „Политикантски памфлет“ објавена на 2 октомври 2017 година на порталот „Плусинфо“,  Министерството за култура на Република Македонија децидно ги отфрла обвинувањата ... Повеќе

Соопштение на Министерството за култура за неможноста за доделување на Државната награда „23 Октомври“

4.10.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека поради блокирањето на собраниската комисија за избори и именувања од страна на партијата ВМРО-ДПМНЕ и ненавремено спроведување на изборот на Одборот за доделување на наградата во Собранието на Република Македонија и другите постапки поврзани со распишувањето на конкурсот, годинава не ... Повеќе

Одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2017 година

26.9.2017

News image

Одборот за доделување на државната награда”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда,,11 Октомври“ ... Повеќе

Нацрт - стратегија за културен развој 2018 - 2022 - првичен неофицијален текст (нелекторирана верзија)

18.9.2017

News image

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува неофицијалната и нелекторирана верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018 - ... Повеќе

Соопштение од прес конференцијата на министерот за култура на Република Македонија на тема „Зборот е збор - 100 дена Влада на Република Македонија“

18.9.2017

News image

Министерот за култура на Република Македонија, на прес конференција одржана во Владата на Република Македонија, ги претстави пред јавноста клучните постигнувања во првите 100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија во областа на ... Повеќе

Министерството за култура го поттикнува граѓанското учество во развојот на културните политики

14.9.2017

Министерството за култура на Република Македонија денес (четврток, 14.09.2017) во Кинотеката на Македонија организираше Форум за политики како место за дискусија за процесот на развој на стратегијата за културен развој (2018-2022). Околу осумдесет претставници на организациите на граѓанското општество, културни работници, уметници и активисти, како и претставници на релевантни институции, ... Повеќе

Форум за развој на културните политики и претставување на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој (2018-2022)

13.9.2017

Министерството за култура на Република Македонија, на 14 септември 2017 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во Кинотека на Македонија во Скопје, организира Форум за развој на културните политики, кој ќе обезбеди место за дијалог поврзан со процесот на развивање на стратегијата за културен развој (2018-2022). Организацијата на форумот ... Повеќе

Презентација и дискусија: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“ (12.09.2017)

11.9.2017

Министерството за култура на Република Македонија (Одделение за Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка Филмскиот фонд на Република Словачка (Канцеларија за Креативна Европа – Култура) организираат презентација и дискусија на тема: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“, кои ќе се одржат на  12 септември 2017 година со почеток ... Повеќе

Инфоден и работилница посветени на категоријата Проекти за соработка на програмата Креативна Европа на ЕУ

25.8.2017

Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Хрватска на 29 август со почеток во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје организира „Инфоден и работилница посветени на категоријата Проекти за соработка на програмата Креативна Европа на ... Повеќе

Известување за јавни дискусии за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ во рамки на фестивалите Македокс и Струшки вечери на поезијата

22.8.2017

Канцеларија на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со ... Повеќе

Известување за именување на членови на Управниот одбор на Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“

21.8.2017

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, донесе одлука за именување на членови во Управниот одбор на Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“. Како членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата од редот на истакнати уметници и културни работници се именувани проф. д-р Елизабета Шелева (претседател на Управниот ... Повеќе

Соопштение за употребата на службените картички од страна на функционерите на Министерството за култура во периодот 2011 – 2017 година

18.8.2017

Во врска со објавените информации од јавен карактер од страна на Министерството за култура на Република Македонија, а кои се однесуваат на трошоците направени преку службените картички на носителите на највисоки функции во структурата на Министерството во периодот од 2011 до 2017 година, ја известуваме јавноста дека во Министерството за ... Повеќе

Доставување информации од јавен карактер: извод од службените картички 2011 - 2017

17.8.2017

Министерството за култура, водејќи се од принципот на  транспарентност, отвореност, економичност и со цел заштита на животната средина, и во иднина, сите барани информации од јавен карактер, кои ќе бидат со поголем обем, ќе практикува да ги доставува до барателот и до јавноста во електронска ... Повеќе

Македонското културно наследство на меѓународен саем во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претставува домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој ќе се одржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид што се реализира по 23-ти пат ќе биде „Културното наследство и туризмот“.

logo_saem_kulturno_nasledstvo_paris

Повеќе...

Конкурс за учество во финансирање проекти од програмите на Креативна Европа (2014-2020) - потпрограма Култура и Култура 2007-2013 на ЕУ за 2018 година

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Врз основа на член 64 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура објавува

 

КОНКУРС

ЗА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ СЕ ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМИТЕ НА КРЕАТИВНА ЕВРОПА (2014-2020) - ПОТПРОГРАМА КУЛТУРА И КУЛТУРА 2007-2013 НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

 

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И КАТЕГОРИИ

Министерството за култура ќе учествува во финансирањето проекти на правни лица од Република Македонија вклучени како проектни партнери (носители или коорганизатори) на одобрени проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“, како и од програмата на Европската Унија – „Култура 2007-2013“, за 2018 година во следниве категории:

  • Проекти за соработка од помал обем;
  • Проекти за соработка од поголем обем;
  • Проекти поврзани со Европската година на културното наследство 2018 година;
  • Литературни преводи;
  • Европски платформи.

II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Право на учество на Конкурсот имаат правни лица: установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и слично, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата, а кои се проектни партнери, било како носители или како коорганизатори, во проекти кои веќе се одобрени или се во тек во 2018 година од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и од програмата „Култура 2007-2013“.
  • Правните лица, кои биле поддржани од Министерството за култура за реализација на проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и програмата „Култура 2007 - 2013“ во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
  • Општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје немаат право на учество на Конкурсот.

III. КРИТЕРИУМ

  • Основен критериум е правните лица од Република Македонија да се проектни партнери (носители или коорганизатори) во одобрени проекти од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и програмата „Култура 2007-2013“.

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Министерството за култура ќе учествува во финансирањето на проектните партнери од Република Македонија во висина до 50% од минималното задолжително учество во финансирањето кое треба да се обезбеди од проектниот партнер во согласност условите на конкурсите на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА) во проектите одобрени во рамките на програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ и на програмата „Култура 2007-2013“, односно:
  • за Проекти за соработка од помал обем ќе се обезбеди кофинансирање до 20%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 40%);
  • за Проекти за соработка од поголем обем ќе се обезбеди кофинансирање до 25%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија  (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 50%);
  • за проекти поврзани со Европската година на културното наследство 2018 година ќе се обезбеди кофинансирање до 20%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 40%);
  • за Литературни преводи до 25%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 50%);
  • за Европски платформи до 10%, односно до половина од одобрениот буџет за кофинансирање кој треба да го обезбеди проектниот партнер од Република Македонија (минималното задолжително кофинансирање за овој вид проекти изнесува 20%).
  • Доколку проектот е одобрен од страна на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА), проектниот партнер од Република Македонија има право на финансирање од Министерството за култура на одобрениот проект во висина до дефинираните проценти според категоријата на одобрен проект.

V. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

И РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, е објавена на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на овој конкурс.
  • Пријавата задолжително се презема од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува од овластено лице и се доставува во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.
  • Пријавите се доставуваат до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16:00 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.
  • Имајќи ги предвид различните рокови на конкурсите од програмата „Креативна Европа - потпрограма Култура“ на Европската комисија - Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА) за горенаведените категории, Конкурсот е отворен во текот на целата година, а ќе се одлучува четирипати годишно - во декември 2017 година и во април, јуни и септември 2018 година.
  • Крајниот рок за доставување на пријавите е:
  • за првиот рок за одлучување (декември) заклучно до 30.11.2017 година;
  • за вториот рок за одлучување (април) заклучно до 31.3.2018 година;
  • за третиот рок за одлучување (јуни) заклучно до 31.5.2018 година;
  • за четвртиот рок за одлучување (септември) заклучно до 31.8.2018 година.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ

  • Министерството за култура на својата веб-страница ќе ги објави проектите на проектните партнери од Република Македонија во чие финансирање ќе учествува и Министерството за култура.
  • За секој поддржан проект ќе бидат објавени следниве информации: име и краток опис, листа на партнери, период на реализација, вкупен буџет на проектот, годишен буџет на проектниот партнер од Република Македонија во проектот и средства одобрени за тековната година од Министерството за култура за проектниот партнер од Република Македонија.

VII. ДОГОВОР ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ

  • Со проектните партнери од Република Македонија, Министерството за култура ќе склучи договор за учество во финансирање.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за европски интеграции и креативни индустрии на телефонскиот број 02/3207-446/443/433, кај одговорното лице Дафина Џепароска.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

www.kultura.gov.mk

Конкурсните документи можат да се пронајдат и сочуваат на следните линкови: 

Конкурс за Креативна Европа - Култура за 2018 година

Пријава за Креативна Европа - Култура за 2018 година

„Зеро“ - вечер на млади кореографи на Скопје танцов театар во МКЦ

„Скопје - танцов театар“ вечерва од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје организира вечер на млади кореографи, на која ќе ја прикаже претставата „Зеро“. Претставата е составена е од четири кореографии, од кои премиерно ќе биде изведена „Без стоп“ во режија на Матеа Киселичка, а на музика на Зек Хемси.

skopje-tanc-teatar-mkc_zero_31_okt_2017

Повеќе...

Нов културен бран: „Теактер студио“ од Куманово со „Аудиенција“ од Хавел вечерва во Гевгелија

Неформалната група „Теактер студио“ од Куманово, во рамки на Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура ќе настапи во 19 часот вечерва во НУЦК „Македонија“ во Гевгелија со претставата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел.


audiencija-od-vaclav-havel-poster

Повеќе...

Пијано - рецитал на Ана Гацева во Прилеп

Денес од 17 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, пијано-рецитал ќе одржи истакнатата пијанистка Ана Гацева. На програмата на концертот поддржан од Министерството за култура на РМ има исклучителен избор на дела од Дебиси, Равел, Шуман, Сати и Гинастера. 

ana-gaceva-koncert_prilep-31okt_2017

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia