kultura_logo_2

Придружете ни се на Facebook

Соопштенија

  • 0
  • 1
  • 2
  • 3

Владата ја усвои Стратегијата и Акцискиот план за културата: Година на темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем

20.2.2018

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата 2018-22 и Акцискиот план, со кои и практично го отвораме процесот на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Република ... Повеќе

Соопштение на Министерството за култура за резултатите од Годишниот конкурс за 2018 година

15.2.2018

Министерството за култура ја известува јавноста дека останува посветено на реализација сеопфатна Годишна програма, која овозможува правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Со поддршката за културни проекти кои градат едно општество за сите,  како и со децентрализација на културата ... Повеќе

Годишна програма на Министерството за култура и резултати од годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018

10.2.2018

Зголемен интерес за културни проекти,  правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Обезбедена е силна поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите,  децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, за сите граѓани ... Повеќе

Соопштение на Министерството за култура во врска со реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид

7.2.2018

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека формираше комисија од стручни лица, која ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија.  Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат ... Повеќе

Именувана Комисијата за лекторски испит по македонски јазик, по четири години застој се деблокира полагањето

5.2.2018

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на предлог на Советот за македонски јазик, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја именуваше Комисијата за полагање на лекторски испит, во состав проф. д-р Искра Пановска – Димкова (претседател), проф. д-р Олгица Додевска – Михајловска (член) и ... Повеќе

Пропаѓањето на „Св Ѓорѓи“ во Курбиново е запрено, почнуваат интензивни активности за заштита и реставрација

3.2.2018

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес одржа прес конференција пред црквата Св.Ѓорѓи во с.Курбиново. Министерството за култура ја известува јавноста дека долгогодишното пропаѓање на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново е запрено. Во оваа 2018-та година, по повеќегодишен  застој, пропусти па и нестручност во реставрацијата на еден од најрепрезентативните ... Повеќе

Одржан основачки состанок на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

1.2.2018

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека денес во Клубот на пратеници во Скопје се одржа првиот основачки состанок на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот ... Повеќе

Министерството за култура ја прифати оставката на в.д директорот на Македонскиот народен театар

31.1.2018

Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов - ... Повеќе

Стратешки план на Министерството за култура 2018-2020 година

22.1.2018

Во согласност со Методологијата за стратешко планирање и подготвување на годишната програма на Владата на Република Македонија, Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година и Упатството за начинот, содржината и формата на подготвување на стратешките планови на министерствата и другите органи на државната ... Повеќе

МРТ ќе ги поништи одлуките за вториот и третиот квартал од Конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција за 2017 година

17.1.2018

Вчера, на 16 јануари 2018 година, во Министерството за култура на Република Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија, за да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка ... Повеќе

МРТ донесе незаконски одлуки за субвенционирање на домашни композиции, Министерството иницира поништување на одлуките и постапки за одговорност

12.1.2018

Министерството за култура ја информира јавноста дека по добивањето на одлуките на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, уште денес упати инспекциски надзор, којшто констатираше дека се длабоко пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно тоа, овие одлуки треба да бидат ... Повеќе

Министерството за култура предложи укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, ќе се преиспитуваат последните одлуки на МРТВ

11.1.2018

Во врска со објавените резултати и одлуки на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, Министерството за култура ја информира јавноста дека минатата година беа извршени јавни консултации со повеќе засегнати страни од кои произлезе заклучок дека Законот треба да се укине. Министерството за култура ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура Охрид за 2016 година

9.1.2018

Завршна сметка на Н.У. Центар за култура Охрид за 2016 година Завршна сметка на Н.У. Центар за култура Охрид за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У.Музеј на современа уметност за 2016 година

2.1.2018

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на Н.У.Музеј на современа уметност за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У. Тетовски Театар - Тетово за 2016 година

2.1.2018

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на Н.У.Тетовски театар - Тетово за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура Струга за 2016 година

29.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на Н.У. Центар за култура Струга за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Театар Комедија за 2016 година

29.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на Театар Комедија за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура Тетово за 2016 година

29.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на НУ Центар за култура Тетово за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура Крива Паланка за 2016 година

29.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на НУ Центар за култура Крива Паланка за 2016 ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура Дебар за 2016 година

28.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува завршната сметка на НУ Центар за култура Дебар за 2016 година.  Завршна сметка на НУ Центар за култура Дебар за ... Повеќе

Листа на информации од јавен карактер и податоци за лица задолжени за информации од јавен карактер

28.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ја објавува Листата на информации од јавен карактер и податоци за лица задолжени за информации од јавен ... Повеќе

Завршна сметка на Н.У Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес за 2016 година

28.12.2017

Завршна сметка на Н.У  Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес за 2016 ... Повеќе

Министерство за култура - Извештаи за реализација на Буџетот за 2016 година

28.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура ги објавува извештаите за реализација на Буџетот на Министерството за 2016 ... Повеќе

Обрасци за завршни сметки на Министерството за култура за 2016 година

28.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура објавува обрасци за завршни сметки на Министерството за 2016 ... Повеќе

Контакт телефони и електронски адреси на вработените во Министерството за култура

26.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија објавува листа со контакт-телефони и елетронски адреси на  вработените во Министерството за култура (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 и ул. „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ ... Повеќе

Јавна презентација на нацрт - стратегијата за културен развој и нацрт – акцискиот план утре во МСУ

26.12.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека утре (среда, 27 декември 2017) во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна презентација на нацрт - стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година и на нацрт ... Повеќе

Министерство за култура - Правилници и акти од областа на авторското право и сродните права

26.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија ги објавува следните Правилници и акти од областа на авторското право и сродните ... Повеќе

Министерство за култура - ревизорски извештаи

25.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија ги објавува извештаите на извршени ревизии во Министерството за ... Повеќе

Oфицери за заштита на лични податоци во Министерството за култура

25.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија ги објавува податоците и контактите на Oфицери за заштита на лични податоци во Министерството за ... Повеќе

План за јавни набавки, измени и дополнувања на план за јавни набавки на Министерството за култура за 2017 година

25.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија го објавува Планот за јавни набавки на Министерството за 2017 година, како и измените и дополнувањата на Планот за јавни набавки на Министерството за култура за 2017 ... Повеќе

Буџет и ребаланс на буџетот на Министерството за култура за 2017 година

25.12.2017

Согласно политиките на Владата на Република Македонија за транспарентност и отчетност, Министерството за култура на Република Македонија го објавува буџетот на Министерството за 2017 година, како и ребалансот на буџетот на Министерството за култура за 2017 ... Повеќе

Нацрт - акциски план за имплементација на Националната стрaтегија за развој на културата за 2018 година - неофицијален текст (нелекторирана верзија)

25.12.2017

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува неофицијалната и нелекторирана верзија на првичниот нацрт на акцискиот план за 2018 година за имплементација на Националната стрaтегија за развој на културата 2018 - ... Повеќе

Вечерва почнуваат Деновите на комедија во Куманово

Вечерва во ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово,  со претставата  „Целото тело тука ме боли“ на Градскиот театар „Јазавац“ од Бања Лука, ќе биде отворено 20-тото издание на „Деновите на комедија“.

komedija

Повеќе...

Алаѓозовски од Битола: Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе има постабилна и посовремена иднина

На затворањето на 38-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во саботата во Битола, министерот за култура на Република Македонија, Роберт  Алаѓозовски му ја врачи Специјалната „Златната Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на режисерот Милчо Манчевски.

manaki_zavoranje_30_sept_2017

Повеќе...

Годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области

 
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
 
Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,
23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16) Министерството за култура објавува

 

ГОДИШНИ КОНКУРСИ

 ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ

ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

ЗА 2018 ГОДИНА ПО ДЕЈНОСТИ И ОБЛАСТИ

 

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура на конкурсите за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Македонија, во следниве дејности и области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • фолклор, музичка и музичко-сценска дејност;
  • драмска дејност;
  • литература и издавачка дејност;
  • интердисциплинарни проекти;
  • заштита на недвижното, движното (библиотечна дејност, музејска дејност, заштита на аудиовизуелни добра) и неметаеријалното културно наследство;
  • меѓународна дејност.


III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСИТЕ

  • Право на учество на Конкурсите имаат правни лицави физички лица, државјани на Република Македонија.
  • Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и слично, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата.
  • Правните и физичките лица, кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
  • На Конкурсот НЕ учествуваат национални установи од областа на културата. Националните установи, во согласност со Законот за културата, во јуни во тековната година донесуваат нацрт-годишна програма за работа на установата и ја доставуваат до Министерството за култура.


IV. КАТЕГОРИИ, ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

  • Категориите, приоритетите, критериумите и мерилата врз чија осна ќе се врши оцена на проектите по одделни дејности, односно области се содржани во Пријавите кои се составен дел на конкурсот.

V. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е согласно средствата предвидени за финансирање на проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

 

VI. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавите по дејности и области кои се составен дел од Конкурсите по дејности и области, се објавени на страниците на Министерството за култура на денот на објавување на овие Конкурси.
  • Пријавите задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, и истите се пополнуваат во електронска форма со впишување на податоци на означеното место и потпишуват од овластено лице и се доставуваат во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.
  • Пријавите се достават до Министерството за култура по пошта (ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16.30 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсите не се враќаат.
  • Конкурсите траат од 30.9.2017 до 15.11.2017 година.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • Сите учесници на Конкурсите за резултатите ќе бидат известени согласно Законот за културата.
  • Резултатите од Конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
  • Објавените резултати од Конкурсите ќе содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за визуелни уметности, архитектура и дизајн може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата, Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн, на телефонскиот број 02/3240-556, кај одговорното лице Марија Станчевска-Ѓоргова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за фолклор, музичка и музичко-сценска дејност може да се добијат во Одделението за центри на културата,  фолклор и музичко-сценска дејност на телефонските броеви 02/3289-797 и 02/3240-547, кај одговорните лица Лилјана Мострова, Ирина Марковска и Мандика Нича.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за драмска дејност може да се добијат во Одделението за драмска и филмска дејност на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорното лице Снежана Иванова-Китанова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за литература и издавачка дејност може да се добијат во Секторот за издавачка дејност (Сектор за книга), на телефонските броеви 02/3240-574 и 02/3240-575, кај одговорните лица Весна Ѓуровска, Даниела Бишкоска и Емина Пројка.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за интердисциплинарни проекти може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорното лице Снежана Иванова-Китанова.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за заштита на културно наследство може да се добијат во Секорот за заштита на културното наследство, и тоа во: Одделението за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра (02/3207-405 и 02/3207-455) кај одговорното лице Елена Павлова, Одделението за музејска дејност и за заштита на нематеријалното културно наследство (02/3207-417 и 02/3207-428) кај одговорното лице м-р Александар Јорданоски и Одделението за библиотечна дејност (02/3207-415, 02/3207-427 и 02/3207-437) кај одговорното лице Зоја Андоновска.
  • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за меѓународна дејност може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО кај одговорните лица и следните телефонски броеви: Лидија Топузовска 02/3240-517, Ирина Кроткова 02/3240-518, Татјана Краљевска–Лазарова 02/3240-591 и Љубица Стефановска  02/3240-533.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

Teл: +389 2 3240 533 / 3240 517 / 3240 518 / 3240 591

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.kultura.gov.mk

 

Конкурсни документи и пријави:

Техничко појаснување за отклучување и заклучување на заштитата на пријавите

Конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Пријава за драмска дејност за 2018 година

Пријава за фолклор и музичко-сценска дејност за 2018 година

Пријава за интердисциплинарни проекти за 2018 година

Пријава за културно наследство за 2018 година

Пријава за литература и издавачка дејност за 2018 година

Пријава за меѓународна дејност за 2018 година

Пријава за визуелни уметности, архитектура и дизајн за 2018 година

Нацрт на буџет за проектите од национален интерес во културата за 2018 година

 

 

Објавен редизајнираниот Конкурс за Годишната програма во културата за 2018: Пошироки можности и поедноставен начин на аплицирање

На денешната прес-конференција во Даут-пашиниот амам во Скопје Министерството за култура го објави Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година. „Моделот што сега го нудиме ќе излезе во пресрет на културната јавност која имаше забелешки на досегашните конкурси, и ќе отвори можности за рамноправен и децентрализиран пристап со кој ќе се покажат вистинските вредности во културата“, истакна министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.
press_Konkurs_Godisna_programa_2018_30_sept_2017

Повеќе...

Железничката зграда во фокусот на проектот „Кога зградите би зборувале“

Утре и во недела во комлексот на Железничка зграда во Скопје ќе се одвива дебата и перформанс  „Кога зградите би зборувале“. Настанот започнува утре во 11 часот со панел-дискусија на која учествуваат гости од  градовите-партнери на проектот, Белград и Загреб, како и професори од Архитектонскиот факултет од Скопје. Во дискусијата се вклучени и тројца станари на зградата.

zeleznicka_mix

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia