Соопштенија

Работна посета на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“

poseta_tanec_320

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска беше во посета на Националата установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, каде што оствари средба со директорот Зоран Џорлев и со вработените во оваа институција.

Канческа-Милевска во изјавата за медиумите истакна дека Ансамблот за народни игри и песни „Танец” кој шест децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво, во изминатиот период имаше интензивна меѓународна активност со концерти во Турција,  Естонија, Кина, а до крајот на годината ќе се претстават и во Белград, Србија. 

Повеќе...

Отворeна нова археолошка поставка во Музејот во Прилеп

pp_320

-Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство што по повеќе од пет децении, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп денеска добива нова репрезентативна постојана археолошка поставка, една од најголемите во нашата земја, богата со експонати кои се резултат на долгогодишните археолошки истражувања во Прилеп и неговата околина, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Прилеп на отворањето на новата археолошка поставка во прилепскиот музеј. Канческа-Милевска пред присутните додаде дека оваа импозантна поставка е силна рефлексија на археолошкото богатство кое го поседува Прилеп, но истовремено таа е и одраз на нашата посветеност  и грижата за непроценливите културни вредности и несоборливите факти на наследството што ни ги остави историјата.

Повеќе...

Писмо за интерес за користење простор во Старата скопска чаршија

Во функција на ревитализација на Старата скопска чаршија, а особено заради потребата од реализација на активности со кои ќе се збогати културниот живот во Чаршијата, Министерството за култура утврди дека дел од објектите што се наоѓаат во рамките на оваа споменична целина се соодветни за остварување активности од различни области на културата и уметноста, како и од независната културна сцена.

Повеќе...

Министерот за култура во работна посета на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар и Театар-комедија

teatri_320Министерот за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска денеска, 9.12.2011 година, беше во работна посета на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар и Театар-комедија, при што оствари средби со директорите на овие национални институции.

По средбите, Канческа-Милевска информираше дека ги известила  директорите за одлуката на Владата на Република Македонија идната година да биде набавена нова техничка и тонска опрема неопходна за  функционирање на театрите, како и дека ќе се издвојат средства за набавка на возила со цел сите претстави да се разменуваат и да се реализираат и во другите градови. 

Повеќе...

Инфо – ден за програмата Култура 2007-2013

eu_320

Издавачите од Македонија треба електронски да аплицираат најдоцна до 3 февруари 2012 за поддршка на литературни преводи од Програмата на ЕУ закултура 2007-2013, за чие спроведување е надлежна Културно-контактната точка (ККТ), одделение при Министерството за култура.

Повеќе...

Одбележан тридеценискиот јубилеј на Мандолинскиот оркестар

30_godini_mandolinski_320Од своето основање во 1981 год до денес Мандолинскиот оркестар успешно ја толкува улогата на медијатор меѓу генерациите кои си подаваат рака разменувајќи го искуството, но и желбата да се навлезе во тајните на музиката, во убавината на уметноста. Иако членовите на оркестарот се аматери, изведбата на делата на големите мајстори на музиката секогаш звучи беспрекорно, професионално, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонската опера и балет на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј на Мандолинскиот оркестар при Младинскиот културен центар. Таа пред присутните додаде дека Мандолинскиот оркестар и неговите членови со својот ангажман, креативност и изведувачки способности  се достостојни промотори на македонското музичко творештво, а наградите на најпрестижните европски фестивали во Полска, Белгија...

Повеќе...

Редовна средба со директорите на националните театарски институции

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска оствари редовна средба со директорите на националните театарски институции од Република Македонија, на која се осврна на постигнатите резултати во театарската дејност во текот на изминатата година. На средбата беа разменети мислења за унапредување на состојбата во оваа дејност и решавање на проблемите со кои се соочуваат театрите во земјава. Во таа насока, Канческа-Милевска информираше за напорите што Владата на Република Македонија и Министерството за култура ги прават за подобрување на состојбата во сите сегменти од театарската дејност.

Повеќе...

Министерката Елизабета Канческа-Милевска се сретна со амбасадорите на САД и Швајцарија во Македонија, Пол Волерс и Стефано Лaзарото

ministerka_ambasador_1Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Пол Волерс. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Министерството за култура и Амбасадата на САД во Република Македонија, која се одликува со реализацијата на голем број проекти од областа на културата. Министерката Канческа-Милевска на средбата изрази благодарност за поддршката што ја дава Амбасадата на САД за реализација на повеќе проекти од областа на заштитата на културното наследство изразена преку доделувањето на повеќе амбасадорски грантови кои беа искористени за реставраторски и конзерваторски активности, голем број модификации, како и за активности поврзани со зачувувањето и негувањето на објекти од културен и национален интерес.

Повеќе...

Осма акција „Ден на дрвото“

ministerka_den_na_drvo1Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера, во рамките на  есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!”, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, претседателот на Советот Илија Тренчев и пратеничката Весна Пемова, посади дрвце во близина на депонијата „Мелци”. 

Повеќе...

Со денешниот настап на „Танец“ во Далиан, завршува манифестацијата „Денови на македонската култура во Народна Република Кина“

Kina_3_320Канческа-Милевска во текот на вчерашниот ден оствари средба со директорот на Асоцијацијата на ликовните уметници на Кина, Лиу Да Веи, со кого разговараше  за поголемо учество на кинеските уметници на ликовните колонии во Република Македонија, но и за поинтензивно учество на македонските автори на престижното биенале на уметноста во Пекинг

Повеќе...

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk

rss соопштенија