Соопштенија

Информативни сесии за Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста и сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 дека ќе организира информативни сесии, со цел сите заинтересирани да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации, кои им се потребни за подготвување на поуспешна апликација.

Повеќе...

Резултати од вториот конкурсен рок - Манифестација „Нов културен бран“ во 2017 година

Министерството за култура на Република Македонија ги објавува извештајот на конкурсната комисија за вториот конкурсен рок на Манифестацијата „Нов културен бран“ за 2017 година, како и списокот на одобрени проекти од страна на конкурсната комисија.

Повеќе...

Повик за учество на јавна расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на РМ 2018-2022

Министерството за култура на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани страни да се пријават за учество на јавната расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година, која ќе се одржи на 18 октомври 2017 година во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 10 часот.

Повеќе...

Повик на Делегацијата на ЕУ во Скопје за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје на 9.10.2017 година објави „Повик за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година“, наменет  за институциите од областа на културното наследство и  организациите од останантите културни и креативни сектори.

Delegacija_EU_konkurs_evropska_godina_na_kulturata_2018 

Повеќе...

Објавување на првични резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека во текот на 2017 година, до Министерството за култура пристигнаа 21 апликација од 15 издавачки куќи за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици.

Комисијата задолжена за разгледување на пристигнатите пријави по Конкурсот за 2017 година, во состав:  Ненад Стевовиќ, Лидија Капушевска Дракулевска и Рами Камбери, ги разгледа пристигнатите пријави и предложи финансиски да се поддржат  преводи на 16 дела, за кои е утврдено дека поседуваат уредна пријава и комплетна документација.

         Од пристигнатите пријави се одбиени три апликации и тоа пријавата на издавачката куќа „Ниу Миц“ од Република Србија за превод на делото „Те сакам, тоа е вистината“ на Александар Алексов на српски јазик, како и пријавите на издавачката куќа „Арка“ од Република Србија  за превод на делата „Рогот на љубовта“ на Божин Павловски и „Читање на ненапишаното“ на  Христо Петрески. 

Воедно, пријавите на издавачката куќа „ИЗИДА“ од Софија, Бугарија за превод на делата „Балкански клуч“ од Луан Старова и делото „Вежби за Иби Пајко“ од Оливера Николова на бугарски јазик, Комисијата ќе ги разгледа на својот следен состанок.

Првичната листа на избрани апликации може да се најде и сочува на следниот линк:

Првична листа на избрани апликации од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици

Исправка во пријавата за литература и издавачка дејност на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018-та

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека во пријавата за литература и издавачка дејност на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година е направена ненамерна техничка грешка.

Имено, на страницата бр.4 од Пријавата, во поглавјето III - Оцена, критеруми и мерила, во првично објавената пријава беше посочено дека „секоја издавачка куќа има право годишно да аплицира за издавање до 25 публикации“. Точната бројка на публикации со кои може да аплицираат издавачите е најмногу 10 публикации (поединечни наслови).

Им се извинуваме за овој ненамерен пропуст на потенцијалните апликанти, коригираната пријава е веќе достапна на објавата на Конкурсот, која може да ја пронајдете на следниот линк: 

http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018-

Реакција на Министерството за култура за отвореното писмо на Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев

Во врска со отвореното писмо на актерката и продуцент Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, поврзано со колумната на Златко Теодосиевски со наслов „Политикантски памфлет“ објавена на 2 октомври 2017 година на порталот „Плусинфо“,  Министерството за култура на Република Македонија децидно ги отфрла обвинувањата за какви било закани и притисоци од страна на Министерството за култура и Владата на Република Македонија по однос на прикажувањето на филмот „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска, во производство на продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Повеќе...

Соопштение на Министерството за култура за неможноста за доделување на Државната награда „23 Октомври“

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека поради блокирањето на собраниската комисија за избори и именувања од страна на партијата ВМРО-ДПМНЕ и ненавремено спроведување на изборот на Одборот за доделување на наградата во Собранието на Република Македонија и другите постапки поврзани со распишувањето на конкурсот, годинава не може да се додели Државната награда „23 Октомври“ во 2017 година.   

Повеќе...

Одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2017 година

Одборот за доделување на државната награда”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда,,11 Октомври“ во 2017 година  за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

      1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му  се доделува на:

           - Влатко Стефановски, музички уметник

      2. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му  се доделува на:

           - проф. д-р Амет Шериф, историчар      

                                                                     

      Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2017 година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.                    

Целосниот текст на одлуката и соопштението на Одборот за доделување на државната награда „11 октомври“ во 2017 година можете да ги симнете на следните линкови:

Одлука на Одборот за доделување на државната награда „11 октомври“ во 2017 година

Соопштение на Одборот за доделување на државната награда „11 октомври“ во 2017 година

odluka_odbor_nagrada_11_oktomvri_za_2017_godina

Soopstenie_drzavna_nagrada_11_oktomvri_za_2017_godina

Нацрт - стратегија за културен развој 2018 - 2022 - првичен неофицијален текст (нелекторирана верзија)

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува неофицијалната и нелекторирана верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018 - 2022. 

LOGO_KULTURA_NN

Повеќе...

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia

rss соопштенија