Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска" во соборниот храм „Свети Климент Охридски" по петти пат го одржa традиционалниот божиќен концерт

Bozik_01-200Во рамките на манифестацијата „Божиќ слава“ по повод Денот на Христовото раѓање - Божиќ, на 7-ми јануари во Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во Скопје женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска" по петти пат го одржa традиционалниот божиќен концерт.

На концертот, освен многубројните посетители, присуствуваа и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а свечена беседа одржа манедонскиот амбасадор во УНЕСКО, Јордан Плевнеш. Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска”  е формиран во 1996 година при Македонската православна црква и е прв од овој вид во Република Македонија. Со овој концерт хорот го одбележа и 15-годишниот  јубилеј од своето постоење. Хорот е составен од 22 женски вокали, од кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција, како и за популаризација на хорското црковно пеење на автентичен начин и со висок квалитет.

Bozik_01-400

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи преку македонските амбасади, црковни општини и македонски здруженија во дијаспората,  како и со други помагатели кои го разбираат значењето на музичката култура во светот, хорот „Света Злата Мегленска” оствари извонредно меѓународно претставување и афирмирање на македонската црковна музика во: Велика Британија, Белгија, Германија, Франција, Италија, Грција, Словенија, Словачка, Србија, Хрватска, Полска, Португалија, Црна Гора, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Австралија, Шпанија, Америка и други земји.

Божиќниот концерт е во организација на Здружението на камерни хорски состави „Света Злата Мегленска“ во кое членува и истоимениот хор и на Македонската православна црква со поддршка на Министерството за култура и градот Скопје.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia