Наскоро ќе биде промовирана Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево

Milevska_200aПрв од неколкуте капитални објекти на Министерството за култура што ќе биде промовиран во наредната  година е Спомен-куќата на Тоше во Крушево која, доколку дозволат временските услови, ќе биде отворена на неговиот роденден - 25 јануари.

Како што информираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција, според динамиката на изградбата, следен ќе биде музејскиот комплекс „Македонска борба за самостојност и државност“, кој е во завршна фаза и се очекува да биде промовиран во втората половина на 2011, а во 2012 ќе бидат отворени концертната сала на Македонската филхармонија, Стариот театар и театарот во Велес. Канческа-Милевска е задоволна од реализираните активности во 2010 година, во која Министерството располагаше со буџет од околу 3 милијарди денари. 

- Годината беше многу успешна, најголем дел од проектите поддржани од годишната програма за култура се реализирани целосно и дадоа силен импулс во збогатувањето на културниот пејзаж во нашата земја - рече министерката Канческа-Милевска. Таа посочи дека во 2010 се вработени 480 лица во институциите од областа на културата, поддржани се традиционалните манифестации и програмите на локалните самоуправи, на НВО-секторот и на етничките заедници.

Од истражувањата на 20 археолошки локалитети се пронајдени 300.000 артефакти, започна ревитализацијата на Чаршијата во Скопје, преведени се 106 книги од писатели - нобеловци, се преведуваат 130-те тома македонска книжевност на англиски јазик и почна проектот „Ѕвезди на светската книжевност”.

Печат во културата во 2010 оставија и гостувањето на Боб Дилан и на Лондонскиот филхармониски оркестар во Скопје и настапот на Драмскиот театар во Колчестер, Англија, со претставата  „Хамлет”.

Развиена е и богата меѓународна соработка со неколку обновени договори и првпат се склучени договори со Австрија и со Франција. Во 2011 година македонската култура ќе биде претставена во Утрехт, Талин, Москва...

Дел од остварените активности на Министерството за култура во 2010 година

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia