Министерката за култура приреди прием во МОБ за доајените на македонската култура по повод „20 години независна Република Македонија“

mob1Културата е нашиот идентитет.

Она што нè прави различни и посебни.

Она што нè зближува и поврзува со светот.

Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на приемот што се одржа во Македонската опера и балет во чест на доајените на македонската култура, а по повод јубилејот „20 години независна Република Македонија“.

MOB_5_640
- Ценејќи ја вашата улога во градењето на архитектурата на македонската култура и уметност, ја користам оваа пригода лично и од името на Министерството за култура да ви изразам голема благодарност - рече Канческа-Милевска и додаде оти доајените на македонската култура изградиле духовни мостови, мостови на културата, љубовта и пријателството, мостови кои нè спојуваат со другите култури.
Таа потсети дека Министерството за култура во изминатиот период беше насочено кон подобрување на статусот на уметниците и за таа цел, вработени се многу млади уметници.
- Се погриживме за соодветно вреднување на уметничкиот труд со зголемување на примањата, а за да обезбедиме услови за непречено остварување на уметничките визии, ја почнавме изградбата на голем број објекти од областа на културата - нова концертна сала за Македонската филхармонија, Стариот театар, театарот во Велес и многу други инвестиции - рече Канческа-Милевска.
MOB_9_500

Министерката Канческа-Милевска информираше дека остварила средби со дел од уметниците и оти заеднички ја моделирале идејата за доделување национални пензии за уметниците кои дале голем влог во создавањето и во развојот на културата и кои се добитници на најголемите државни награди за повеќегодишни достигнувања во областа на културата и уметноста.
- Оваа благородна иницијатива е веќе прифатена од страна на Владата и е симболичен начин во оваа година кога прославуваме еден од најзначјаните јубилеи - „20 години од независноста на Република Македонија“ - рече Канческа-Милевска.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia