Конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2013 година

logo_-_MK2_-_tekst_ok_AA_200Врз основа на член 65, а во врска со членовите 8 и 62 од Законот за културата („Службен весник на  Република Македонија“ бр. 31/98,  49/03,  82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011) Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО КУЛТУРАТА ЗА 2013 ГОДИНА

I. Општи информации

За остварување на националниот интерес во културата Министерството за култура во 2013 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за поддршка на проекти од национален интерес од следниве области:    

1. Заштита и користење културно наследство 

1.1. Заштита и користење на недвижното културно наследство

1.2. Заштита и користење на движното културно наследство:

- Библиотечна дејност;

- Музејска дејност;

- Заштита на аудиовизуелни добра.

1.3. Заштита на духовното/нематеријалното културно наследство

2. Уметничко творештво

2.1. Издавачка дејност и литература

2.2. Музичка дејност

2.3. Музичко-сценска дејност (оперски, оперетски,танцови и фолклорни)

2.4. Драмска дејност

2.5. Ликовна уметност и галериска дејност

2.6. фестивали и  манифестации

3. Меѓународна  културна соработка

4. Инвестиционо и техничко одржување на објектите и на опремата за културата во државна сопственост 

Проектите пријавени на Конкурсот за да бидат поддржани од Министерството за култура, како проекти од национален интерес за културата на Република Македонија, потребно е да исполнуваат најмалку еден од општите критериуми и најмалку еден од посебните критериуми по одделни дејности и области во културата во согласност со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

II. Право на учество

На Конкурсот може да учествуваат: уметници, самостојни уметници, приватни установи, локални установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и другите позитивни законски прописи во Република Македонија.

III. Начин и рок за поднесување на пријавите

3.1. Пријавувањето на проектите се врши со доставување пополнетa  пријава.  Пријавите, одделно за секоја област наведена во точката I од овој конкурс, ќе бидат објавени на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) со денот на објавувањето на овој конкурс.

3.2. Пријавите треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 или со предавање во писарницата на Mинистерството најдоцна до 16 часот последниот ден од Конкурсот.

3.3. Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави - без приложени  документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

3.4. Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето, а за Издавачката дејност и литературата трае 90 дена од денот на неговото објавување.

3.5.  Конкурсот за проектите од меѓународна соработка трае до 20 септември оваа година.

3.6. Носителите на проекти одобрени од страна на Европската комисија и Извршаната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура во рамките на Програмата за култура на Европската Унија 2007-2013, доставуваат пријави до Министерството за култура  најдоцна во рок  еден месец од денот на склучување на Договорот со Европската комисија и Извршаната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура.

Пријавувањето на проектите од точка 3.6. во Министерството за култура се врши со доставување пријава од точката 3.1. и Договор со Европската комисија и Извршаната агенција за образование, аудиовизуелна политика за годината за која се финансира проектот.

IV. Известување за резултатите од Конкурсот

Проектите поддржани на овој конкурс ќе бидат составен дел од Годишната програма на Министерството за култура за остварување на националниот интерес во културата во 2013 година. Годишната програма  ќе биде објавена во средствата за јавно информирање и на веб-локацијата на Министерството во согласност со член 67 од Законот за културата.

V. Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат кај одговорното лице за секоја соодветна дејност, односно област во Министерството за култура на телефонот наведен во пријавата.

За финансирање проекти од филмската дејност што се од национален интерес во согласност со Законот за филмски фонд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2006 и 36/2011), конкурс ќе објави НУ Филмски фонд на Република Македонија од Скопје во септември оваа година.

Министерството за култура ќе обезбеди средства и за програми на национални установи и други активности од областа на културата на посебни конкурси: откуп на самофинансирани изданија, манифестацијата „Град на културата“, надоместоци на самостојни уметници, поддршка за стручно усовршување на дефицитарни кадри и млади уметници, манифестацијата „Топол културен бран“, Поддршка и развој на креативни индустрии и итн.

Напомена!

Националните установи во согласност со член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98,  49/03,  82/05, 24/07, 116/2010 и  00/2011) имаат обврска да достават Предлог за Годишна програма за работа најдоцна до јули годинава за наредната година. При подготвувањето на Програмата, односно на проектите треба да ги користат обрасците за одделните дејности кои ќе може да ги преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ ОДНОСНО ПРОЕКТИТЕ ПО ОДДЕЛНИ ДЕЈНОСТИ ВО КУЛТУРАТА

 

ПРИЈАВИ ЗА  ПРОЕКТИ И ОБРАЗЦИ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

-ПРИЈАВА ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА НА НЕДВИЖНОТО   КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, МУЗЕЈСКАТА И  БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ

-ПРИЈАВА ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ДУХОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

-ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА   НА ЗАШТИТАТА НА НЕДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО,  МУЗЕЈСКАТА И БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ И ДЕЈНОСТА ЗА ЗАШТИТА НА АУДИОВИЗУЕЛНИТЕ ДОБРА ЗА  ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

СЕКТОР ЗА ДЕЈНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

-ПРИЈАВА ЗА КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ И ФЕСТИВАЛИ

Одделение за литература и издавачка дејност

-ПРИЈАВА ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ И ЛИТЕРАТУРАТА

Одделение за драмска дејност

-ПРИЈАВА ЗА  ПРОЕКТИ   ОД  ОБЛАСТА   НА ДРАМСКАТА  ДЕЈНОСТ–НЕЗАВИСНА И АЛТЕРНАТИВНА

-ПРИЈАВА ЗА  ПРОЕКТИ   ОД  ОБЛАСТА   НА ДРАМСКАТА  ДЕЈНОСТ – АМАТЕРИЗАМ

-ПРИЈАВА ЗА  ФЕСТИВАЛИ ОД ОБЛАСТА НА ДРАМСКАТА ДЕЈНОСТ

-ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА   НА ДРАМСКАТА  ДЕЈНОСТ ЗА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА 

 НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

Одделение за центри и домови на културата и фолклор

-ПРИЈАВА ЗА  ПРОЕКТИ   ОД ОБЛАСТА  НА СЦЕНСКО УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ И ФОЛКЛОР

-ПРИЈАВА ЗА  ФЕСТИВАЛИ ОД ОБЛАСТА   НА СЦЕНСКО УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ И ФОЛКЛОР

-ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА   НА СЦЕНСКО УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ И ФОЛКЛОР ЗА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА  НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

Одделение за музичка и музичко-сценска дејност

-ПРИЈАВА ЗА  ПРОЕКТИ   ОД  ОБЛАСТА   НА МУЗИЧКАТА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ

-ПРИЈАВА ЗА  ИЗДАВАЊЕ НА  ЦД   ОД ОБЛАСТА   НА МУЗИЧКАТА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ

-ПРИЈАВА ЗА  ФЕСТИВАЛИ И МАНИФЕСТАЦИИ ОД  ОБЛАСТА   НА МУЗИЧКАТА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ

-ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА   НА МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА  НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

Одделение за ликовна уметност и галериска дејност

-ПРИЈАВА ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И ГАЛЕРИСКАТА  ДЕЈНОСТ

СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И СОРАБОТКА СО  УНЕСКО

СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

СЕКТОР ЗА ИНВЕСТИЦИОНИ РАБОТИ


obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk