По 10 години повторно кино проекција во Пехчево

Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм ...

Kusi_1

Како што информира директорот на Домот на културата, Ана Марија Теохарова, ова е поттик во градот повторно да заживее кино проекцијата.

-Ова е прво прикажување игран филм во Домот на култура „Јане Сандански” по речиси 10 години. Се надеваме дека ќе биде полн погодок особено за младите и љубителите на филмот кои досега за кино проекции мораа да патуваат во главниот град и со тоа да ги задоволат своите филмски апетити, рече Теохарова.

Премиерата на „Исцелител” во Пехчево е закажана за 4 јануари.

Теохарова која од неодамна е нов директор на Домот на култура, најави поголем број културни активности и враќање на дел од манифестациите кои на времето беа препознатливи за Пехчево. Ги повика младите да ги достават своите предлози, иницијативи, идеи и предлози со што ќе придонесат за збогатување на културниот живот во градот. 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia