Политичката сатира „Нема да платам“ премиерно во НУ Театар Комедија

Во Театарот Комедија вечер (27 декември) премиерно ќе биде изведена претставата „Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска...

premiera_vo_Teatar_Komedija1


Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска-Јорданоска. Изборот на музиката го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов. 

Во последната премиера на НУ Театар Комедија Скопје за годинава играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски. Политичката сатира „Нема да платам“, од добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемувањето на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството. Со оваа премиера, НУ Театар Комедија ја реализира во целост програмата за работа за 2018 година.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia