Македонската филхармонија на турнеја во Кина

Од 26 декември до 8 јануари оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја оствари долгоочекуваната турнеја во Кина...

Filharmonija_na_turneja_vo___Kina


Како што кажува и насловот на овој грандиозен музички проект „7 концерти во 7 градови во Кина“, оркестарот на Македонската филхармонија во рамките на двонеделната турнеја ќе одржи седум концерти во седум импозантни концертни сали во: Хохот - во театарот „Хохот“, Таијуан - во театарот „Шанжи“, Тангшан - во истоимениот театар, Женгжу - во фасцинантното истоимено здание, како и во театрите во градовите Хенгшуи, Хефеи и Донгуан.

Турнејата во Кина ќе ја предводи маестро Јерухам Шаровски од Израел, кој неколку години е чест гостин диригент со Македонската филхармонија. Како солисти ќе настапат кинескиот пијанист Хају Жанг, кој ќе го изведува Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Чајковски, и виртуозите на кларинети, браќата Даниел и Александар Гурфинкел, познати како „Дуо Гурфинкел“, кои беа солисти и на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија „Точно на полноќ“. На програмите на концертите во Кина се и дела од Гершвин, Бизе, Глинка, Штраус...

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia