IN MEMORIAM: Почина Љупка Џундева

Почина реномираната театарската, филмска и телевизиска актерка и доајен на македонската култура, Љупка Арсова Џундева (1934-2018). Џундева припаѓаше на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија...

djundeva


Министерот за култура Асаф Адеми, во телеграмата упатена до семејството наведе дека, како единствена појава во македонската култура чија импозантна кариера траеше со децении, Љупка Џундева целата своја професионална и лична ангажираност ја посвети на промоцијата и афирмацијата на Македонскиот народен театар.

„Таа беше уметник со специфичен сензибилитет, актер со впечатлива креативна енергија која секогаш, со задоволство, беше препознаена на сцената, но и од колегите. Зад неа остануваат бројни изведба кои се пример за големата професионалност и посветеност во професијата“, наведува во телеграмата до семејството, министерот Адеми.

Љупка Џундева, во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец... Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia