In Memoriam Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Денеска почина еден од доајените на македонската култура, театарскиот и филмски режисер, сценарист, драмски писател и есеист, редовен професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Љубиша Георгиевски...

Ljubisa_slika

Телеграма со сочувство по повод смртта на Георгиевски упати и министерот за култура Асаф Адеми кој наведе дека проф. Љубиша Георгиевски со својата децениска активност на полето на културата, остави значајни дела кои се составен дел од театарската, филмската и воопшто општествената историја на Република Македонија.

Со своето богато уметничкото портфолио, Љубиша Георгиевски ја збогати македонската култура со повеќе од 150 театарски претстави, дваесетина филмски остварувања, голем број есеи, колумни и театролошки текстови, а беше и остана почитуван професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник беше на сите најзначајни професионални театарски награди, македонски и регионални. Добил повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, а некои од најугледните: Стериина, Златниот венец на МЕСС и др., ги има добиено повеќе пати. Тој беше директен учесник во градењето на современата македонска држава како претседател на Собранието на РМ.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia