Се одржаа „Вапцарови бранувања“ во Делчево

Во Делчево по 10-ти пат се одржа манифестацијата „Вапцарови бранувања“ на која со свои творби се претставија автори од Делчево...

thumbnail_1


 „Вапцаровите бранувања“ годинава се одвиваат во два дела. Во првиот дел се реализираше таканаречениот „Вапцаров караван“ во кој проследивме литературно читање во изведба на членовите на литературен клуб кој работи во состав на Домот на културата во Делчево. Со свои творби се претставија и учениците од деветолетките „Ванчо Прќе“ и „Св.Климент Охридски“

Вториот дел од манифестацијата „Вапцарови бранувања“ ќе се реализира со посета на родното место на Никола Јонков Вапцаров и со литературна размена со народното читалиште од Благоевград, Бугарија.

„Вапцаровите бранувања“ и годинава се одржуваат со поддршка од Министерството за култура.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia