Во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница

Во Белград синоќа во Скадарлија во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ отворена е изложба на ранохристијанските теракотни икони од Виничкото Кале на Музејот Теракота од Виница...

terakoti_1


На изложбата презентирани се 12 копии од уникатните керамички релјефи од 5 и 6 век и осум банери на кои се презентирани 14 мотиви од иконите, кои сведочат за едно длабоко познавање на ранохристијанското учење во Македонија.

Изложбата на виничките теракотни икони во Белград отворена е во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ и по повод одбележувањето на десетгодишниот јубилеј од формирањето на здружението на Македонци во Белград „Македониум“ .

Изложбата на теракотните икони од Виничкото Кале во Белград ќе трае до 6 декември, а нејзиното отворање го подржаа Министерствата за култура на Србија и на Македонија.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia