Предавање „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“

Денеска (8 ноември) во 12 часот, проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет - УКИМ ќе одржи предавање на тема „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“...

Ilina_Jakimovska_fotka

Ова предавање се одржува во рамките на изложбата „Духовите на Африка“. Предавањето ќе се концентрира на начинот на визуелно претставување на  африканските индивидуи на крајот од 19 и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и наСАД со цел да создаде контраст меѓу наводното дивјаштво на првите и „цивилизираноста“ на вторите.

Акцентот ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужноафриканката Сара Бартман како парадигми за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес.



kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia