Премиерна изведба на претставата „Забрането смеење" на Народниот театар од Струмица

На малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов", денеска струмичкиот Театар премиерно ќе ја одигра претставата „Забрането смеење" од хрватскиот писател Миро Гавран ...

Zabraneto_smeenje

Претставата говори за луѓето од денешницата, за тоа колку сите ние „глумиме“ во животот, исмејувајќи ги бесмислените, лажни и себични споделувања емоции.  Режисер на претставата, која се игра во Струмица по неодамнешната премиера во Виена, е Игор Ивковиќ, а улогите ги толкуваат актерите Стојан Велков-Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.

Преводот и адаптацијата се на Горјан Милошевски, дизајнот на сцената и костимите се на Маре Трајковска и Ванчо Василев, сценските движења и танци се дело на Валентино Апостоловски, а во претставата има изложено и дела од колекцијата на Струмичката ликовна колонија од уметниците Марјан Ѕин, Ване Костуранов, Љупка Галазка-Василев и Никола Пијанманов.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia