Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко во Софија

Во Културно-информативниот центар на РМ во Софија денеска (6 ноември), со почеток во 19 часот, Наташа Диденко (виолина) ќе одржи соло концерт насловен „Магична барокна вечер“ ...

Pokana_2-2

Во рамките на програмата на концертот ќе бидат исполнети „Четири сонати за соло виолина“ од германскиот композитор Георг Филип Телеман, кој се смета за еден од најплодните композитори во историјата, а, исто така, според неговите современици, е еден од водечките германски композитори. Неговите дела се важна врска меѓу доцните барокни и раните класични стилови.

Наташа Диденко е добитник на повеќе награди на државни и на меѓународни натпревари, а има одржано концерти во Берлин, Бремен, Париз, Марсел, Сете и во повеќе градови во Македонија.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia