37-мо издание на „Скопски џез-фестивал“

Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, вечер во 20 часот во Македонската опера и балет ќе почне 37. издание на „Скопски џез-фестивал“ ...

DZez_festival_2018

Во рамките на првата фестивалска вечер, од 22 часот ќе настапи и славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет, кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе го претстави проектот „Blues for Memo“. Со овој концерт Мареј ќе ја почне и својата европска турнеја.

На програмата на Фестивалот до недела, 21 октомври, во МОБ од 20 часот ќе се одржат четири концерти, додека три полноќни концерти ќе се одржат во дансинг салата на Младинскиот културен центар.