Во Чифте амам изложба од колекцијата на Националната галерија на Македонија

Во објектот Чифте амам, вечерва (17 октомври) со почеток во 19 часот ќе се отвори изложбата со наслов  „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско - херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија ...

pokana_1

На изложбата ќе бидат презентирани околу 110  ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија, во чест на одбележувањето на јубилејот-70 години НГМ. Изложените дела припаѓаат на  таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија.

Формирањето на збирката започнало во првите години од основањето на галеријата а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX до средината на XX век.

На изложбата ќе бидат  претставени најзначајните имиња на сликари и вајари од бившите југословенски републики чие творештво го прикажува развојниот пат од класицизмот кон создавање на современиот модерен ликовен израз. Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска и истата ќе биде поставена до 18 ноември 2018 година.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia