Со доделување на наградите заврши филмскиот фестивал „ОДА“ во Тетово

Со доделување на наградите во саботата заврши 7-то издание на Меѓународниот   филмски фестивал - ОДА (TIFF ODA),  кој се одвиваше од 1 до 6 октомври  во Тетово  ...

Nagrada

Босанскиот „Жаба“, копродукција со Македонија, Србија и Хрватска ја доби Специјалната награда од меѓународното жири.  Најдобар филм во програмата СинеБалкан е бугарскиот „Насоки“, во кој Македонија се јавува како малцински продуцент.

За најдобра режија е награден, актерот и режисер Висар Вишка за македонскиот документарен филм „Дода: Животот и авантурите на Франц Барон Нопса" .

Македонскиот филм „Тајната состојка“ е награден за сценарио во СинеБалкан.

ТИФФ ОДА во категориите на студентски филм, анимиран, документарен и за најдобар краток филм им додели награди на автори од Романија, Словачка, Финска и Франција.

Фестивалот се одвиваше во Арабати Баба Теќе, местото на Академијата за драмски уметности на Универзитетот во Тетово и во Центарот за култура во Тетово.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia