Претставување на македонскиот филм во Загреб

Од 4 до 9 октомври во киното „Тушканац“ во Загреб ќе биде прикажана ретроспектива на македонската кинематографија...

kinoteka_na_makedonija_vo___Zagreb

Програмата под наслов „Панорама: од ризницата на македонскиот филм“ ќе содржи играни филмови од Кирил Ценевски. Манифестацијата ќе биде отворена со филмот „Колнати сме, Ирина“ (Татко) од 1973 година, на македонскиот актер и режисер Никола Коле Ангеловски.

Иницијатори на ова претставување на македонската култура и кинематографија во Загреб, Хрватска, се Сојузот на македонското национално малцинство на градот Загреб и македонското културно друштво „Охридски бисер“, во партнерство со НУ  Кинотека на Македонија и Вардар филм. Изборот на филмови го направи уредникот на филмската програма на киното „Тушканац“, Марко Ројниќ. Гости на манифестацијата ќе бидат директорот на НУ Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов, и директорот на Вардар филм - Македонија, Арсим Рамадани.