Изложба на Беди Ибрахим во Демир Хисар

Во Домот на културата во Демир Хисар денеска (4 октомври) во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Беди Ибрахим...

izlozba_na_Bedi_Ibahim_vo_Demir___Hisar

На изложбата ќе бидат прикажани 29 слики работени во комбинирана техника. Изложбата, која се реализира во рамките на манифестациите „Демир Хисар - град на културата 2018“ и „Европска година на културното наследство“, ќе биде достапна за публиката до 11 октомври.

Беди Ибрахим дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Од 2002 година е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање.