Изложба на графики од Симона Јакимовска во Прилеп

Во галеријата при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска во 12:30 часот ќе биде отворена изложба на графики од  уметницата Симона Јакимовска ...

_1

Во рамките на изложбата, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, ќе бидат претставени 25 дела, графики и цртежи од оваа млада уметница.

Симона Јакимовска е родена во 1990 година во Куманово. Досега реализирала една самостојна изложба на графики во Уметничката галерија – Куманово, а учествувала и на повеќе групни домашни и меѓународни изложби.