Во Битола едукативна работилница за корените на џезот

На 22 септември на новата сцена во Центарот за култура во Битола ќе биде отворена работилницата „ Џез фабрика“, чија цел е поттикнување на учесниците за самостојно размислување и пронаоѓање џез-елементи во секојдневниот живот ...

22_septemvri_jazz_fabrika

Предавач на работилницата, на која ќе се дискутира за врската меѓу македонската традиционална музика и џез-музиката како основа за креирање современ израз кај артистите, ќе биде вон. проф. м-р Сашо Поповски, кој во 12:45 часот ќе одржи концерт со своето трио. Во 13:30 часот ќе се одржи панел-дискусија: Културна индустрија –Современи трендови, дигитална дистрибуција (стрим) - Плус студија на случај од „Гаража до албум“, на која модератор ќе биде Тодор Ивановски.

Главната цел на овој проект е да се развие во инвентивна работилница каде што учесниците можат да практикуваат создавање современа музичка форма со цел да се чувствуваат слободни да ги искажат своите уметнички и креативни способности.

Организаторите велат дека проектот „Џез фабрика“ е можност за младите луѓе да слушаат поинаква музика и подобро да се запознаат со можностите на инструментите кои се користат, како и да стекнат одредени знаења за музичката индустрија и да направат паралела меѓу Македонија и светот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а го реализира Центарот за културна деконтаминација – Битола во соработка со Народниот театар – Битола и Центарот за култура - Битола.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia