Изложба за 50 години ликовно творештво на Војко Јаневски

Во Културно-информативниот центар - Скопје вечер ќе биде отворена изложба за 50 години ликовно творештво на Војко Јаневски, која ќе може да се посети до 29 септември ...

izlozba_vo_KIC

Авторот ќе претстави слики од својот богат творечки опус, кој го обележале и учествата на над 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство. 

Војко Јаневски (с. Грнчиште, Велешко, 1940) во 1968 година завршил на вајарскиот отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш. Од 1968 до 1970  бил соработник во Мајсторската работилница на професор Радауш во Загреб.

Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовни уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Добитник е на повеќе награди и признанија. 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia