Едукативен семинар со културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли во Неготино

Во рамките на проектот на Министерството за култура „Нов културен бран“,  утре (15 септември), со почеток во 12 часот, во свечената сала на Општина Неготино ќе се одржи едукативен семинар со културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Република Македонија.

На семинарот ќе учествуваат претставници на повеќе културно-уметнички друштва од Македонија, и тоа од: Штип, Берово, Битола, Демир Капија, Теарце и Куманово. Од фолклорните ансамбли, пак, на семинарот ќе учествуваат состави од: Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Куманово. Претходно, во 10 часот во Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложба на народни носии и фотографии, потоа ќе биде организирана едукативна практична настава со професори-етнокореолози и асистенти од Факултетот за музички уметности при УГД „Гоце Делчев“ - Штип, а ќе се одржи и Јавен час со етнокорелозите и  претставниците од КУД „Јане Сандански“ од Неготино.

seminar_vo_Negotino

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia