„Тиквеш рок-фест 2018“ во Кавадарци


Од  13 до 15 септември во Кавадарци ќе се одржи култниот „Тиквеш рок-фест 2018“...

Во рамките на фестивалот, како дел од потпрограмата насловена „Алтернативни пејзажи“ која е дел од манифестацијата „Нов културен бран 2018“, денеска (13 септември), од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов– Климе“ во Кавадарци ќе се одржи промоција на новиот сингл на кавадаречкиот рок-бенд „Лексикон” – „Нова скала“. Утре пак, на истото место, од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Обливион” на ликовниот уметник – графичар Трајче Јованов од Кавадарци, а за во 20:30 часот е закажана промоцијата на првиот албум на кавадаречкиот рок бенд „Smoke Shakers” – „Stand Together”. В сабота, 15 септември, со почеток во 20 часот, на сцената во Паркот на револуцијата во Кавадарци ќе се одржи голем рок-настан на кој со целовечерен концерт ќе настапат кавадаречките рок-бендови „Leksikon“ и „Bad-Ass-All“ и специјалните гости на вечерта, култниот македонски рок-бенд „Last Expedition“.

„Тиквеш рок-фест 2018“, кој е во организација на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ од Кавадарци, во кое членуваат познати кавадаречки музичари, актери, ликовни уметници и поети, се реализира со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа.

___2018_-_

 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia