Продолжува Кривопаланечко културно лето

„Art &Music-Уметност и Музика“ е насловен културниот настан кој викендов со почеток во 20 часот ќе се реализира во локалната установа Градски музеј од Крива Паланка ...

Kriva_Palanka

На настанот кој е во рамките на богатата и разновидна програма на културната манифестација „Кривопаланечкото културно лето 2018“, љубителите на уметноста и музиката ќе можат да уживаат во изложбата на дела од младата академска сликарка од Битола, Сандра Котевска. На изложбата ќе бидат претставени 50 дела од Котевска, во различни формати работени во техника масло на платно.

Воедно љубителите на рок музиката ќе имаат можност да уживаат и во концертот на рок составот „Игуана“ од Кочани.

„Кривопаланечко културно лето“ е во организација на општина Крива Паланка, локалната установа „Градски музеј“ и Националната установа „Центар за култура“ од Крива Паланка,  со финансиска поддршка од Министерството за култура.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia