Ораториумот „Радомировиот псалтир“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ денеска со почеток  во 21 часот, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, ќе биде изведен ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски ...

Ohridsko_leto

Ораториумот  е изработен врз текстот на ѓаконот Радомир од втората половина на XIII век и се смета за еден од последните старословенски ракописи кои се испишани во старата кирило-методиевска традиција кои потекнуваат од Македонија.

Ораториумот „Радомировиот псалтир“ е единственото македонско дело кое било номинирано за најпрестижната светска награда за композиција „Grawemeyer Award“ во 2003 година од американскиот Луизиана тех. универзитет.

Псалтирот ќе биде изведен од хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, предводени од диригентката Бисера Чадловска. Како солисти ќе настапат сопраните: Славица Петровска – Галиќ, Весна Ѓиновска -Илкова, тенорот Благој Нацоски и басот Владимир Саздовски. Во изведбата учествува и детскиот хор „Пиколо“.  

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia