Започна реконструкцијата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Со финансиска поддршка на Министерството за култура започнаа градежните активности за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ...

Beli_mugri

Согласно проектот кој ќе се реализира во неколку фази, предвидена е реконструкција на надворешноста на објектот која опфаќа замена на надворешните прозорци и врати, поплочување на влезната платформа, менување на подната конструкција на источниот влез и на терасите.

Kocani

Потоа ќе се реконструира и кровот, а целата зграда ќе добие нова термоизолациска фасада и соодветно осветлување. По завршувањето на реконструкцијата на надворешниот дел од објектот кој претставува своевиден симбол на Кочани, ќе се продолжи со активностите за санирање на критичните делови во внатрешноста на оваа културна институција.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia