Објавен повик за осмото издание на „Анимакс Скопје Фест“

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објави повик за аплицирање за годинешното осмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во ноември годинава во Скопје ...

Animax_photo

Крајниот рок за доставување на пријавите и видео материјалите  е 20 септември годинава, а право да се пријават имаат сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2017 година, кои претходно не биле пријавени на фестивалот. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia