Министерството за култура побара објавување на демант за лажна вест во „Курир“

Во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Министерството за култура побара од редакцијата на порталот „Курир“ да објави исправка / демант на лажната вест дека министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски не присуствувал на денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Р.М...

redba_tanc_fest_sobaniska_pauza_26_april_2018_naslovna

Имено, министерот Алаѓозовски е постојано присутен на седницата, а ја искористи паузата дадена од претседателот на Собранието Џафери за да оствари кус работен состанок во кафуле блиску до Собранието со претставници на повеќе организации и уметници од повеќе земји, кои учествуваат на меѓународен танц фестивал што се случува деновиве во Скопје.  Министерот присуствуваше на средбата 14.30 до 15 часот, откако во паузата беше достапен и на средбата со пратениците, каде што опозицијата не дојде.

Средбата беше со претставници на Европската мрежа за танц (EDN – European Dancehouse Network), Кино Шишка - Центарот за урбана култура од Љубљана (Kino Siska Centre for Urban Culture) и Мрежата „Nomad Dance Academy“. Во рамки на проектот „Encounter Balkans“, гореспоменатите претставници во април патуваат во регионот и ги посетуваат Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Бугарија, со цел да се запознаат со инцијативите, организациите, структурите, програмите и политиките и просторите во кои се развиваат современите изведувачки уметности. Средбата беше на барање на претставниците на меѓународната танц сцена, кои застапуваа механизми како македонската танц сцена да биде посуштински поддржана и повидливо присутна во новите културни политики на Владата. Министерот Алаѓозовски ги запозна со досегашниот реформски процес, усвојувањето на Стратегијата и акцискиот план на Министерството и се согласи во работните групи да се вклучат и претставници на македонската танц сцена.

Програмата за нивата посета во Македонија ја организираше „Локомотива“, во форма на 2- дневен настан (25, 26 април) во Кино Култура, кој се состоеше од серија на перформанси од македонски автори (продукција на Интеарат и соработници на Локомотива и Номад танц академија), средби, презентации на Кино Култура, како и на танцови простори, услови и моментална позиција на современиот танц во Македонија и јавна дискусија на тема Политики во танцот, дискусија на ситуацијата на танцот во Македонија. На настаните беа поканети професионалци, кореографи, студенти од полето на соврмените изведувачки уметности, а беа отворени и за поширока публика

Од „Курир“ е побарано во законскиот рок да го објави овој демант и да му се извини на министерот Алаѓозовски за нанесената штета по неговиот углед со овие лаги.

redba_tanc_fest_sobaniska_pauza_26_april_2018_foto_2

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia