Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за дополнување на Законот за аудиовизуелните добра на ЕНЕР

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за дополнување на Законот за аудиовизуелните добра...

Со Законот за аудиовизуелните добра донесен во 2008 се уредуваат условите и начинот на работа на кинотеките, вршењето на дејноста на кинотеките, основањето, видовите на кинотеки, организацијата, координацијата, правата и должностите на имателите на аудиовизуелните добра, надзорот, стручните звања и други прашања од значење за вршење на дејноста за заштита на аудиовизуелните добра.

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизелните добра („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/15), меѓу другото се изврши и измена на одредбите кои се однесуваат на стекнувањето со стручни звања во областа во дејноста за заштита на аудиовизуелните добра, особено во однос на постапката и условите за избор и реизбор во изборните стручни звања.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизелните добра се пропишаа посебни услови за избор, односно реизбор во изборни стручни звања. Имено, со Законот се пропиша дека за стекнување на изборното стручно звање виш филмолог, потребно е, покрај другите услови, да се полага и стручен испит, а за изборното стручно звање филмолог советник, покрај работното искуство, се утврди дека е потребно вишиот филмолог да има и соодветен стручен придонес во работите од дејноста за заштита на аудиовизуелните добра. Со Законот, исто така, се пропиша и  постапката за стекнување на изборните стручни звања, при што се утврди дека изборот и реизборот во стручните звања го врши министерот за култура врз основа на предлог од рецензиона комисија, која е составена од претседател и два члена што ги именува министерот со мандат од две години. За претседател и членови на рецензионата комисија може да се именуваат работници со стручно звање филмолог-советник.

Имајќи предвид дека со Законот е утврдено дека за претседател и членови на рецензионата комисија може да бидат именувани само лица со стручно звање филмолог-советник, а во моментов евидентно е дека недостасуваат лица со стручно звање филмолог-советник, кои ќе можат да членуваат во рецензионата комисија за избор односно реизбор во стручните звања виш филмолог односно филмолог - советник, потребно е да се изврши дополнување на членот 37 став (2) од Законот и да се пропише дека за претсетадел и член на резензионата комисија може да биде именувано и лице, научен работник со звање доктор на науки од областа на заштита на аудиовизелните добра или од сродните области.

Со предложеното дополнување на Законот, ќе се создадат предуслови да за формирање на рецензиона комисија за вршење на избор и реизбор во стручните звања виш филмолог и филмолог-советник, со што вработените во Националната установа „Кинотека на Македонија“ ќе можат да го остварат своето законско право на избор и реизбор во стручно звање.

Одговорно лице за контакт е Весна Илиевска, државен советник за правни работи. Кон.тел. 02-3240-665.

Известувањето за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за дополнување на  Законот за аудиовизуелните добра може да се погледне на следниов линк:

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_ann_detail&itemid=LwkmRX2kPPgGPo8eliq6eQ==

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia