Започна заедничка акција на Владата, Министерството за култура, Градот Скопје и Општина Бутел за заштита и развој на локалитетот на Скопскиот акведукт

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на Скопскиот акведукт, каде деновиве започна интензивна активност за уредување на локацијата и заштита и конзервација на овој монументален историски објект...

„Чувањето на овие наши непроценливи богатства, богатства на сите граѓани на Република Македонија, е наша голема должност и привилегија, работа на која се зафаќаме со голема одговорност и внимание“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите,  објавувајќи акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини.

„Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи“, рече Заев.

Претседателот на Владата посочи дека во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства.  „Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати. Апелирам до сите институции и граѓани – неопходно е сите заедно да се грижиме и да ги чуваме убавините на Македонија“, порача премиерот Заев.

Министерот за култура на Репиблика Македонија, Роберт Алаѓозовски информираше дека по повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година преку буџетот на за култура се издвоени 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. „За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на акведуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази.  Освен тоа, Министерството ќе ги поддржи програмски и културните содржини кои ќе ги реализираат Градот и општините на чија територија е локалитетот и контактните зони“.

Министерот Алаѓозовски објасни дека последните посериозни инвестиции во геотехничките и геофизички истражувања, сондирањата и анализата на материјалите на Акведуктот се реализирани пред неколку години, претежно со меѓународни донации, додека нашите институции беа прилично пасивни и речиси го игнорираа овој атрактивен локалитет, кој наместо да го оствари својот културен, туристички, рекреативен, еколошки потенцијал, беше претворен во една голема депонија. „Благодарни сме за директната поддршка на Владата за оваа заедничка иницијатива, со која уште еднаш демонстрираме дека заштитата на културното наследство е врвен приоритет за сите институции и на тоа ќе продолжиме да работиме посветено и со заеднички сили“, рече министерот Алаѓозовски.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов информираше за активностите кои ќе ги преземе Градот на локацијата, пред сè околу означувањето, пристапот, зазеленувањето, урбаната опрема и другата комунална инфраструктура, а важни новини ќе бидат рекреативната патека по брегот на Серава до Вардар, која ќе се спои со рекреативната патека на кејот и Градскиот парк, како и летната сцена во контактната зона со Аквадуктот, која ќе биде вкопана и нема да ја наруши визурата на локалитетот а ќе овозможи простор за одржување манифестации со капацитет од 1000 посетители. Општината Бутел, која со помош на компании – донатори успеа да ја исчисти депонијата од оваа локација, како што посочи градоначалникот Велимир Смилевски, ќе се грижи за хигиената, чувањето на локацијата и ќе обезбеди локална комунална инфраструктура. 


Премиерот Заев од Скопскиот аквадукт: Со конкретни акции го штитиме културното наследство на Македонија

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на на Скопски Акведукт.

Во изјавата за медиуми премиерот Заев кажа:

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, чувањето на овие наши непроценливи богатства, богатства на сите граѓани на Република Македонија, е наша голема должност и привилегија, работа на која се зафаќаме со голема одговорност и внимание. 

Денеска, заедно со министерот за култура и градоначалниците на Скопје и Бутел објавуваме акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини.

Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи.

Драги сограѓани, во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства.

Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати. Апелирам до сите институции и граѓани – неопходно е сите заедно да се грижиме и да ги чуваме убавините на Македонија

Скопјe,

25 февруари 2018 година

 

Влада на Република Македонија

Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија

Сектор за односи со јавноста

Бул. Илинден бр.2,

1000 Скопје,

Република Македонија

Тел.: +389 2 3123371;

факс: +389 2 3122375

e-mail: press@vlada.gov.mk

 

 

 

.“

 

 

 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia