Годишна програма на Министерството за култура и резултати од годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018

Зголемен интерес за културни проекти,  правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Обезбедена е силна поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите,  децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, за сите граѓани подеднакво.


Врз основа на член 65 ставови 1 и 4 и член 70 став 5 од Законот за културата („Службен весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура ја објавува Годишната програма  и резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области.

Повикот за националните установи беше објавен на 12 јуни 2017 година. До истекот на рокот беа поднесени 1041 пријави од над 60 национални установи во областа на културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура, а се одобрени 600 проекти.

Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 година беше распишан на 30 септември 2017 година, а до крајот на конкурсниот рок, 15 ноември 2017 година, до Министерството за култура беа доставени над 2903 проекти.

Вкупно се добиени повеќе од 5000 пријави (5018). Во речиси сите дејности има видливо зголемен број на пријави. На пример, во ликовната, музичката, фолклорната и драмската дејност, на годинашниот конкурс пристигнаа 2066 проекти - 500 проекти повеќе, или над 25% повеќе апликации отколку во претходните две години (за споредба, во 2016 година беа пристигнати 1556 проекти, во 2017 година 1593 проекти).  Тоа покажува зголемена доверба во институцијата и нејзин успех во популаризацијата на конкурсот во јавноста. Министерството за култура одобри над 50 % од сите пристигнати апликации, што демонстрира јасна заложба да им се излезе во пресрет на уметниците и културните работници во најголема можна мера.

Драстично е зголемена транспарентноста во целиот процес на конкурирање и во објавувањето на резултатите. За време на конкурсниот период, Министерството за култура обезбеди 2 јавни консултативни средби и 1 консултативна сесија онлајн за потенцијалните апликанти, на кои присуствуваа и учествуваа стотици заинтересирани. Министерството за првпат го објавува списокот на одобрени проекти со побарани и одобрени суми, а за првпат се објавуваат и состави на комисиите. Со ова уште еднаш демонстрираме дека транспарентноста и отчетноста пред граѓаните е наш врвен приоритет.

Домаќинското работење и одговорноста кон парите на граѓаните на РМ беше водечки принцип во овој процес. Освен поддршката за проектите на националните установи и вонинституционалните актери, преку Годишната програма се обезбедени средства и за раздолжување од обврските создадени со мегаломанското и неодговорно трошење во изминатите години, како и за создавање основни услови во установите и дејностите, по долгогодишна негрижа и запоставување. Нашите комисии инсистираа одобрените проекти да бидат издржани, со реални буџети што овозможуваат база за нивно успешно реализирање.

Анализата на резултатите од конкурсот покажува дека годинава имаме далеку порамномерна и поправична дисперзија на средствата од минатите години, во однос на етничката, географската, родовата застапеност, застапеноста на маргинализирани заедници, застапеноста на различните дејности и застапеноста на проектите кои доаѓаат од вонинституционални апликанти. Со ова, Министерството за култура ја демонстрира и во пракса посветеноста кон културните политики што целат кон изградба на едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до културата за сите граѓани.

Освен тоа, Министерството за култура од овој конкурсен циклус воведе  целосно нова конкурсна апликација за интердисциплинарни проекти, со што ја демонстрира и во пракса заложбата за приклучување на македонската култура кон современите и иновативнисветски трендови.

Врвен приоритет меѓу сите програми е заштитата на културното наследство. Сите загрозени фрески, икони, историски објекти, како на пример црквата во Курбиново, Скопскиот акведукт, фреската Св. 15 Тивериополски маченици, се планирани или за директна конзервација или за изработка на основен проект, што е прв чекор во нивното санирање и заштита. Заштита им беше потребна и на многу објекти на културата низ целата земја, поради долгогодишно отсуство на грижа и финансии. Министерството за култура обезбеди средства за санација на сите загрозени објекти на националните установи. Со посебна програма од 60 милиони денари, ќе спроведеме акција за реконструкција на покриви во над 20 објекти.

Во музичко – сценската дејност обезбедивме средства и за фестивали на алтернативните жанрови – рок, електронска и светска музика, а поддржавме и повеќе џез манифестации покрај веќе етаблираните фестивали.  Знаејќи ја лошата економска кондиција на општините и долговите што тие ги наследија, Министерството обезбеди поддршка за многу манифестации, чијшто директен или индиректен организатор се самите општини. Многу културни манифестации и истакнати уметници, кои со години беа игнорирани, првпат влегуваат во програмата или за првпат добиваат достоинствена поддршка. 

Зголемени активности се предвидуваат и за меѓународното претставување на важните меѓународни саеми на книга. Министерството за култура од оваа година го активира целосно Секторот за книга при Министерството и го презема меѓународното претставување и презентирање на издавачката продукција и литературата од нашата земја, преку концептуално презентирање на автори и дела од Македонија прилагодено на тематските фокуси на саемите, што ќе ги зајакне меѓународните претставувања на македонската книжевност и издаваштво.

Со Годишната програма за 2018 година, Министерството за култура ги крати непродуктивните трошења на парите на граѓаните, вложува повеќе пари директно во културата и уметноста и започнува со интензивна акција за распространување и развој на културата низ целата земја и до публиката од сите возрасти. И покрај големите долгови кои ќе создаваат буџетски импликации и во наредните години, обезбедуваме повеќе средства директно за уметниците и нивните проекти, ја подобруваме инфраструктурата и условите за вработените во културните установи и за публиката, ги отвораме установите за независната културна сцена, создаваме нови програми, ги зголемуваме можностите за поддршка за сите актери во културата и обезбедуваме механизми за суштинска вклученост на сите засегнати страни во процесите на креирање на културните политики.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

За проектите кои се избрани на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области, министерот за култура одлучува по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од членот 11 став (4) од Законот за културата, а за истите ќе бидат донесени решенија за проекти кои се поддржани и кои не се поддржани на Годишниот конкурс.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.

Министерството за култура со субјектите кои се носители на прифатените проекти ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата.

За проектите кои ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура ќе донесе решенија. Министерот за култура и директорот на националната установа ќе склучат договор за финансирање на годишната програма за работа на националната установа откако ќе ја донесе директорот, по претходна согласност на Управниот одбор на установата, и тоа во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решенијата на министерот.

Националните установи се должни на својата веб - страница да ги објават проектите кои ќе ги реализираат во тековната година.

Скопје, 10.2.2018                             Министерство за култура

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ И ЛИТЕРАТУРА

Предлозите во издавачката дејност и литература ги разгледуваше Комисија во состав: Оливeра Ќорвезироска - претседател, Сашо Кокаланов - член и Ханид Хајрулаху - член

Табела за издавачка дејност и литература - Национални установи 

Табела за издавачка дејност и литература - Други корисници

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО - СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во музичко и музичко - сценска дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Васо Ристов - претседател, Маријана Николовска - член и Рами Мустафа – член

Табела за музичко и музичко - сценска дејност - Национални установи

Табела за музичко и музичко - сценска дејност - Други корисници

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во драмската дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Петар Арсовски - претседател, Викторија Рангелова - член и Хамди Рашиди - член

Табела за драмска дејност - Национални установи

Табела за драмска дејност - Други корисници

ФОЛКЛОРНА И СЦЕНСКО - УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во фолклорна и сценско - уметничка дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Марко Коловски - претседател, Арлинда Калиси - член и Јошко Бошковски - член 

Табела за фолклорна и сценско - уметничка дејност - Национални установи

Табела за фолклорна и сценско - уметничка дејност - Други корисници

ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН 

Предлозите во ликовна дејност, архитектура и дизајн ги разгледуваше Комисија во состав: проф.Тони Васиќ - претседател, Нада Пешева - член и Наиле Дормиши - член

Табела за ликовна дејност, архитектура и дизајн - Национални установи

Табела за ликовна дејност, архитектура и дизајн - Други корисници

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНА ДЕЈНОСТ

Предлозите во интердисциплинарна дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Никола Писарев - претседател, Ѓорѓе Јовановиќ - член и д-р. Аднан Јахја – член

Табела за интердисциплинарна дејност

БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ

Предлозите во библиотечната дејност ги разгледуваше Комисија во состав: проф. д-р Славица Србиновска - претседател, Енвер Беќири - член и Оља Стојкова - член

Табела за библиотечна дејност - Национални установи

Табела за библиотечна дејност - Други корисници

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Предлозите во музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство ги разгледуваше Комисија во состав: Мила Шурбановска - претседател, Илир Куртиши - член и д-р Снешка Лакалиска - член 

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство - Национални установи

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство - Други корисници 

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Предлозите за заштита на недвижното културно наследство и заштитата на аудиовизуелни добра ги разгледуваше Комисија во состав: Зоран Георгиев - претседател, Нарона Луме Весели - член, Елизабета Касапова - член 

Табела за заштита на недвижното културно наследство - Национални установи

Табела за заштита на недвижното културно наследство - Други корисници

Табела за заштита на аудиовизуелни добра - Национални установи

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЗА СОРАБОТКА СО УНЕСКО

Предлозите за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО ги разгледуваше Комисија во состав: Анита Ивковиќ - претседател, Петрит Незири - член, Ивана Васев - член

Табела за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО - Национални установи

Табела за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО - Други корисници

КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Предлозите за културно - уметничките манифестации ги разгледуваа комисиите по дејности.

Табела за културно - уметнички манифестации 

ПРОЕКТИ  КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2018 ГОДИНА ОД ОБЛАСТА НА ИНВЕСТИЦИОНОТО И ТЕХНИЧКОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ И ОПРЕМАТА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Проекти за инвестициско и техничко одржување и опрема на објектите на националните националните установи од културата 2018 

ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ ОБЈЕКТИ И ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, САНАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ПОСТОЈНИТЕ ОБЈЕКТИ ШТО ГИ КОРИСТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2018 ГОДИНА

Програма за инвестиции 2018

* НАПОМЕНА - објавените табели се нелекторирани 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia