Прес - конференција за состојбите во МНТ, Археолошки музеј на Македонија и други објекти на културата по врнежите

Денес, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и директорите на Македонскиот народен театар Драган Спасов - Дац и на Археолошкиот музеј на Македонија, Горан Санев, одржаа прес - конференција  и одговараа на новинарски прашања за состојбите во МНТ, Археолошкиот музеј и други објекти на културата низ земјава по врнежите и излевањето на реката Вардар. Беше изнесен и став во врска со вчерашното откажување на преставата „Ничија земја“ од страна на актерите во МНТ....  

mnt_press_2_dec_2017

Министер Алаѓозовски: Се соочуваме со два типа на проблеми. Едниот е дека поголемиот дел од старите објекти, имаат сериозни проблеми со покривните конструкции каде што прокиснува и ние веќе дејствуваме  да ги разрешиме тие ситуации.  Имаме ситуации каде што дополнително се комплицира состојбата, затоа што сме  на крај на фискална година и дури и тендери за итни работи не може да се спроведат до крајот на годината. Но, и покрај овие  отежнувачки околности, ние им дадовме насоки на директорите како најбрзо и најитно да ја санираат ситуацијата.

Воедно, упатуваме и апел до компаниите да ни помогнат и секаде каде што можат да интервенираат, во смисла на помош на тие институции како вид на донации, со цел што побрзо да се доведат во ред и да можат објектите да функционираат за да ја извршуваат својата културна мисија.

mnt_press_2_dec_2017_foto_2

Вториот тип на проблеми е во овие објекти, Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј, каде што овие нови градби од пред 4 години ги покажуваат истите проблеми како објектите изградени пред повеќе од 50 години. Односно, гледаме дека поради лошата градба, прокиснуваат. Во оние што се блиску до Вардар, поради прекршување на правилата да не се гради близу до реката заради нарушување на коритото a сепак се гради, поплавени се и подрумските простории. Засега, нема опасност од спој на  водата и струјата, но во некои институции, како што е Археолошкиот музеј, замислете, во систематизацијата нема  предвидено водоводџија или електричар, кој што би требало веднаш интервентно да санира. Така што, сега бараме и измени на актот на систематизација, а секако и интервенција од Службата за општи и заеднички работи за да може да се контролира ситуацијата и да не се доведеме до ескалација.

Изведувачите, надзорните органи, па дури и стручните служби, не само во нашето Министерство, туку и во другите министерства, ќе треба да понесат одговорност. Ние ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби за сите оние ситуации, каде што гледаме дека функционирала криминалната мрежа на нестручно градење на објекти.

Истовремено, онаму каде што можеме, каде што сè уште постојат банкарски гаранции или каде што полисите за осигурување го дозволуваат тоа, ќе ги активираме со цел да можеме со тие  дополнителни гарантирани методи и средства да им помогнеме на самите институции

///

Новинарско прашање: Имате ли проценка за штетите колкави се во објектите, и може ли, еве и директорот на МНТ да ни каже дали може да се работи во вакви услови?

mnt_press_2_dec_2017_foto_3

Министер Алаѓозовски: Тешко се работи во вакви услови, веројатно и директорот ќе ви потврди. Во Драмски театар вчера, иако како што реков тоа е објект со подруг проблем,  на пример, мораа да прекинат со пробите. Тешко се работи, сите се излезени на терен, ситуацијата се држи под контрола, но прашање е како ќе дејствуваме. Во Штип, во Центарот за култура, ни се случи поради силниот ветер и откинување на дел од лимениот покрив. Чекавме да подзастане ветрот, за луѓето да може да се качат горе. 

Новинарско прашање: Дали се санира сега во моментов?

Министер Алаѓозовски: Да.

Драган Спасов Дац: Може да се работи во МНТ, само што криеме некои работи затоа што е срам да се гледаат. Тече на сцена, капе овде (во фоајето) и ова е сокриено за да го покриеме срамот.

Новинарско прашање: Сето ова е од одводна цевка од терасата горе?

Драган Спасов Дац: Овој дел овдека е од терасата, каде што на едно место се собира вода и протекува, а веќе на сцена – таму е од кровот директно.

Министер Алаѓозовски: Кога велевме дека некои објекти од Скопје 2014 не само што се изградени под сомнителни  околности и со  прекршување на многу закони, па дури и со оригинерната надлежност на Собранието, велевме дека се потребни аргументи да ја убедиме јавноста дека самите објекти имаат опасност од овој тип, односно дека се небезбедни за вработените и за публиката. Размислувавме дали да направиме една поткомисија на Работната група за Скопје 2014, сега сигурно ќе ја направиме, и таа работна група, која ќе се состои од  стручни лица, од градежни, машински инженери, од архитекти, ќе работи на овие објекти ургентно, за да констатира колку и каква е нивната понатамошна безбедност.

mnt_press_2_dec_2017_foto_4

Новинарско прашање: До директорот на МНТ, директоре, дали ќе има санкции за актерите кои не ја одржаа вчера претставата?

Драган Спасов Дац: Ќе има нормално, зашто театарот постои за публиката. Ние вчера вративме полн салон. На мое инсистирање да се игра - не ме послушаа, ја одложија. Јас дојдов после, се собравме сите, реков никој да не си оди. Се собравме, разговаравме, дадоа изјава, таа изјава ќе биде и јавна и јас реков сите до еден да бидат санкционирани со казна која што е нормална за вакви ситуации, затоа што, во ред е да се солидаризираш со некој актери така натаму, но, нека се солидаризираа денеска, да излезеа надвор, да направеа нешто, а не да вратат 600 луѓе публика. Тоа е непростливо што го направија вчера.

Новинарско прашање: За колкумина станува збор?

Драган Спасов Дац: Актери? Цела екипа од „Ничија земја“.

Министер Алаѓозовски: Овој пример со бојкотот на претставата покажува само колку е македонската држава сè уште заробена од претходниот систем и колку партизацијата е длабоко навлезена во институциите.

За нас е нормално и прифатливо да се солидаризираат, но ние ги повикуваме не само членовите на овој ансамбл, туку и сите вработени во културата добро да размислат со кого се солидаризираат и за какви акти. На крајот на краиштата, сите ние се бориме за институциите да работат професионално и независно една од друга, секоја според својата надлежност. Во таа смисла, ние повикуваме институциите да работат без било каков притисок, кој што врз нив  евентуално би се вршел.

Ги повикуваме самите вработени во нашите институции да се ослободат од стегите на политизацијата и по можност да се однесуваат професионално за она за што се обучени, за она што најдобро го знаат и, да ја обавуваат културната мисија на институциите во рамките на кои дејствуваат, зашто на крајот постоиме за граѓаните и за публиката, која доаѓа тука за да ги остварува своите културни потреби.

Во таа смисла, директорот најавува казни, тоа претпоставувам ќе бидат казни кои ги овозможува правилникот, критериумите, законот во рамки на којшто постојат самите институции.

mnt_press_2_dec_2017_foto_5

Новинарско прашање: Каква е состојбата во Археолошкиот музеј?

Горан Санев: Состојбата е во Археолошкиот музеј е стабилна и под контрола. Нема никакви протекувања внатре во изложбениот простор. Она каде што се лоцирани проблемите, тие се на надворешните споеви на зградата, на делот каде што се гаражите споени со самата зграда и тука протекува атмосферската вода и, за несреќа протекува точно врз електрична инсталација. Од самиот почеток повеќе пати сме се обиделе да најдеме решение за ова, сега со Министерството за култура секако се надевам дека ќе дојдеме до решение за да ги спречиме евентуалните поголеми штети.

sostojba_po_dozdovi_MNT_i_Arheoloski_2_dec_2017_foto_10

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia