Објавување на ЕНЕР на нацрт-извештај за ПВР и нацрт-предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на нацрт - извештај за проценка на влијанието на регулативата и нацрт -  предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство...



Нацрт -  предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство има за цел создавање нормативни основи, со кои ќе се утврдат  решенија што се во насока на обезбедување целосна контрола над движењето на културното наследство и усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската Унија.

Имено, со овој нацрт -  предлог на закон ќе се изврши усогласување на Законот за заштита на културното наследство со Директивата 2014/60/ЕУ од 15 мај 2014 година за враќање на предмети од областа на културата незаконски извезени од територијата на земја - членка и за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 1024/2012 (преработен текст), донесена од страна на Европскиот парламент и од Советот на Европската Унија.

Согласно постапката утврдена со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата и Деловникот за работа на Влада, заинтересираните страни можат да доставуваат предлози, коментари и забелешки на текстот на Законот.

Одговорно лице за контакт е Весна Илиевска, државен советник за правни работи. Кон.тел. 02-3240-665

Нацрт - извештајот за проценка на влијанието на регулативата и нацрт -  предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство можат да се погледнат на следниов линк:

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=N9OcVIFhdKClMmeCXD4WkA==

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia